Свет
(Видео) Полицијата објави видео од убиството на жената која усмрти шест лица во училиште во САД

Вчера три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД.
Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка на училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот.
Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години.
Полициската управа на Метро Нешвил објави снимка од телото што го носеле најмалку двајца полицајци како и Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо, полицајците кои го убиле напаѓачот во 10:27 часот.
На видеото се гледа и како полицајци влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот и пукаат во неа.
BREAKING: Nashville Police Department quickly release body cam footage of tactical unit response to active school shooter.
Outstanding discipline and dedication to protecting the innocent.
This Metro PD team was heroic.pic.twitter.com/l0UVRrkhno
— 𝐅𝐑𝐎𝐍𝐓𝐋𝐈𝐍𝐄⚡️𝐅𝐋𝐀𝐒𝐇 (@FrontlineFlash) March 28, 2023
Таа потоа паѓа на земја, при што друг полицаец четири пати пука во неа со пиштол.
„Престани да се движиш“, извикува додека напаѓачот лежи на земја.
Полицајците потоа и пришла на вооружената жена и го извадиле пиштолот.
За потсетување, полицијата во Нешвил претходно објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегол во училиштето.
На снимката, која се чини дека е од надзорните камери во зградата, се гледа како Одри Хејл пука во влезната врата и потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.
Напаѓачот носел црвена капа, маскирни панталони и нешто што личело на заштитен елек.
Хејл носеше автоматска пушка во едната рака.
Откако влегла во училиштето, на видеото се гледа како таа талка низ празните ходници на училиштето, во еден момент поминувајќи покрај просторијата со ознака „Министри“.
Hale fired a number of rounds inside the Covenant Church/School building. She was armed with these 3 guns and significant ammunition. pic.twitter.com/3LYOU2r0sh
— Metro Nashville PD (@MNPDNashville) March 28, 2023
Полицајците ги најдоа мапите на зградата што го содржи планот за напад.
Тие известија и дека напаѓачот влегол преку споредна врата и отворил оган на вториот кат до 10:27 часот кога била убиена.
Полицијата претходно објави слики од местото на злосторството на кои се гледа дека Одри Хејл се подготвува да пука кога пристигнала полицијата.
Според полицијата, таа пукала во нивните возила додека се приближувале, удирајќи го едното преку шофершајбната.
As officers responded to the Covenant campus, Hale fired on arriving police vehicles from a 2nd story window. pic.twitter.com/7JiLdCHhF1
— Metro Nashville PD (@MNPDNashville) March 28, 2023
На првите снимки и фотографии се гледа и оружјето употребено во нападот и автомобилот на убиецот паркиран во близина.
Пукањето престанало околу 14 минути откако почнало, кога полицијата упаднала во зградата и го застрелала наоаѓачот,пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанските војници ќе останат во Косово за да гарантираат стабилност

Нападот на српските демонстранти врз единиците на италијанската армија во КФОР беше опишан како неприфатлив од италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој најави дека и италијанските и НАТО војниците ќе останат во Косово за да се олесни мировниот договор, пренесува „Еурактив“.
Околу четиринаесет италијански војници беа ранети за време на судирите меѓу трупите на НАТО и српските демонстранти за време на протестот против новиот градоначалник-етнички Албанец пред општината Звечан на северот од Косово.
Здравствената состојба на повредените војници се подобрува. Двајца ќе се вратат во Италија во наредните денови, додека другите се хоспитализирани во амбулантата на италијанскиот контингент во Приштина.
„НАТО и нашата војска ќе останат за да ја гарантираат стабилноста и да спречат влошување на ситуацијата“, рече Тајани, додавајќи дека од италијанска страна постои политичка стратегија да се фаворизира договор меѓу страните и тоа прашање да биде на дневен ред на самитот на НАТО што се одржува во Осло.
Тајани увери дека Италија е силно посветена на повторно воспоставување мир и стабилност во областа на судирот и откри дека италијанскиот амбасадор во Белград бил на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој има безусловна поддршка од Русија.
„Во моментов Србија нема никаква одговорност. Од косовскиот премиер побарав да го прекине поставувањето градоначалници кои го претставуваат албанското население во тој дел од Косово токму за да се избегнат тензии“, објасни Тајани.
„Ни треба голема претпазливост и голема умереност. Ова се две земји кандидати за влез во ЕУ. Мора да се погрижиме патот да биде позитивен“, додаде тој, нагласувајќи дека постои ризик тензиите да го спречат учеството на Косово во ЕУ.
Откако ја презеде функцијата, Тајани работи за интеграција на Балканот во ЕУ и на повторно започнување италијанска акција во регионот, па ги повика вклучените страни да ги спречат едностраните иницијативи кои можат да предизвикаат инциденти.
Свет
Столтенберг: Сојузниците се согласни Украина да стане членка на НАТО

Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласни Украина да стане членка“, изјави Столтенберг пред новинарите во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.
Тој најави и дека наскоро планира да отпатува за Турција на разговори за членството на Шведска во алијансата.
„Зборував со претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно оваа недела, во блиска иднина ќе отпатувам и во Анкара за да продолжам да разговарам за да обезбедиме најбрз можен прием на Шведска“, рече генералниот секретар на НАТО.
Свет
Русија ги затвора дипломатските претставништва во Германија

Германската влада најави дека Русија ќе затвори четири дипломатски претставништва во Германија.
Станува збор за потег кој доаѓа откако Русите го ограничија бројот на персоналот во германската амбасада во Русија.
Кремљ најави дека само 350 германски дипломати можат да останат на руска територија.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави за новинарите во Берлин дека Русија има конзулати во Бон, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг и Минхен. Бургер рече дека на Русија ќе и биде дозволено да ја продолжи работата на амбасадата во Берлин и уште еден конзулат по крајот на годината.
Руската влада неодамна објави дека максимум 350 германски владини службеници би можеле да останат во Русија. Тоа значи дека Германија до ноември ќе мора да ги затвори конзулатите во Екатеринбург, Новосибирск и Калининград. Отворени ќе останат само амбасадата во Москва и конзулатот во Санкт Петербург.