Европа
(Видео) Поплавата во Венеција не им пречи- туристи ги наполнија рестораните и плоштадите под вода

Околу 70 отсто од Венеција е под вода откако невремето во изминатите два дена донесе врнежи од дожд какви што со децении немало во овој италијански град. Нивото на водата во морето е поголемо за 150 сантиметри од вообичаеното, што е највисоко во последните 10 години.
Сепак, туризмот во Венеција не трпи. На видеата објавени на социјалните мрежи може да се види дека рестораните се полни со гости иако се под вода.
Had a great time walking through floody Venice ?? #venice #acquaalta #flood pic.twitter.com/6HAxYymGUx
— • w a l l a c e • (@wallaceerabu) October 29, 2018
Исто така, може да се забележат и туристи кои шетаат по тесните улички и плоштади и воопшто не им смета што водата им е до колена.
#venice right now. The streets are completely flooded:#flooding #Flood #Italy pic.twitter.com/pSsSJGUv5c
— Igor Petricevic (@igor_petricevic) October 29, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Тинејџер избоден до смрт во Лондон, уапсени двајца 16-годишници

Двајца тинејџери се уапсени откако 17-годишник беше избоден до смрт во саботата во западен Лондон.
Полицијата била повикана околу 13.10 часот по пријава за напад со нож на улицата Ерконвалд во Шепердс Буш. На местото на настанот биле пронајдени две млади момчиња со убодни рани.
Еден од нив, 17-годишниот Кеирон Чарлс, починал на лице место, потврди лондонската полиција.
Уште едно 16-годишно момче е пренесено во болница со повреди кои не се опасни по живот. По лекувањето, тој бил отпуштен и уапсен поради сомнение за убиство. Тој моментално е во притвор.
Третиот осомничен, исто така 16-годишен, го напуштил местото на настанот, но бил уапсен вчера рано наутро и исто така е во притвор, соопшти лондонската полиција. Истрагата за убиството е во тек.
Европа
Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но руското раководство навистина треба да стори повеќе за „да стави крај на оваа војна“, рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте во интервју за „Си-би-ес Њуз“.
Според него, по неодамнешните преговори во Вашингтон, на кои учествуваше пратеникот на Кремљ, Дмитриев, „топката очигледно е на теренот на Русија“.
„Тие не се движат доволно брзо. Мојот впечаток, вклучително и впечатокот што го добивам од моите американски соговорници, е дека Русија навистина треба да направи повеќе за да стави крај на оваа војна“, рече Руте.
Во исто време, тој истакна дека поради американскиот претседател Доналд Трамп „се преселивме од мртва точка“ во однос на војната во Украина.
„И јас сум му благодарен за тоа. Морам да кажам дека сојузниците овде, во последните неколку дена на средби со министрите за надворешни работи, целосно ги поддржуваат напорите на САД да ја доведат оваа војна до праведен и траен крај“, нагласи генералниот секретар на НАТО.
Сепак, Руте не е сигурен дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува да стави крај на неговата голема воена агресија против Украина. „Мислам дека ова сега е тест“, заклучи Руте.
Европа
Руски сериски убиец осуден за убиство на 48 луѓе, подготвен да признае уште 11 убиства

Руски сериски убиец осуден на доживотен затвор за убиство на 48 луѓе е подготвен да признае уште 11 убиства, соопшти руската затворска служба.
50-годишниот Александар Пичушкин целел на жртвите – главно бездомници, алкохоличари или постари лица – околу московскиот парк Бицијевски. Неговиот убиствен поход траеше од 1992 до 2006 година, а потоа му беше судено во 2007 година.
Руските медиуми го нарекоа „шаховски убиец“ бидејќи на детективите им кажал дека за секое убиство планирал да стави паричка на еден од 64-те квадрати на шаховската табла. Серискиот убиец се наоѓа во затвор на рускиот Арктик од неговото осудување.
Долго време се претпоставуваше дека тој убил повеќе луѓе од 48-те за чии убиства веќе е осуден. Тој сега им кажал на истражителите дека е подготвен да признае уште 11 убиства на мажи и жени, соопшти руската затворска служба на социјалната мрежа Телеграм.
За време на претходното судење, тој тврдеше дека убил 63 лица, но беше обвинет само за 48 убиства и три обиди за убиство. Доколку биде осуден за дополнителни 11 убиства, тој ќе стане вториот најсмртоносен сериски убиец во Русија. Михаил Попков, поранешен полицаец, е осуден за 78 убиства.