Свет
(Видео) Поплави во Австралија: се евакуираат градови, крокодили пливаат на улиците
Рекордна количина врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-би-си.
Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон даваат годишно големо количество дожд во некои австралиски области. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат потонати авиони на аеродромот „Кернс“, крокодили среде градот и луѓе што бегаат од своите домови со чамци.
Peak Aussie content here 🐊 A big crocodile has been spotted in a swollen drain in the centre of Ingham, a North Queensland town currently cut off by floodwaters. Filmed by @abcnews reporter @ChloeChomicki, who is isolated like everyone else in town. pic.twitter.com/LSg5ODkpIF
— Siobhan Heanue (@siobhanheanue) December 17, 2023
Засега нема извештаи за загинати или исчезнати лица. Интензивни врнежи се очекуваат во следните 24 часа.
Cairns Airport Inundated
A Perth-Cairns Jetstar flight filled with Christmas travellers was stranded in Townsville this morning due to severe rain over Cairns Airport, and was eventually one of the last to be allowed in. See the planes under water.#CycloneJasper pic.twitter.com/AYYuDSebLB
— 🇦🇺 Leera 🧐☀️🌌 🕉 (@OutbackAussie5) December 17, 2023
Стотици луѓе се спасени – многу куќи се поплавени, нема струја, патиштата се отсечени, а водата за пиење е при крај. Од почетокот на невремето во градот Кернс наврнаа повеќе од 2 милиметра дожд.
„Ова е најлошата природна катастрофа на која можам да се сетам. Разговарав со локалното население во Кернс кога бев на теренот и тие велат дека никогаш не виделе такво нешто“, изјави премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс, за австралиската радиодифузна корпорација.
Мајлс вели дека приоритет во моментот е да се спасат граѓаните заробени во поплавата, како и оние во оддалечениот град Вујал Вујал, кој се наоѓа на 175 километри северно од Кернс.
Девет лица, меѓу кои и едно болно дете, ја поминаа ноќта на покривот на болницата бидејќи екипите на итната помош не можеа да дојдат до нив. Денеска беа преместени на друго место. Мајлс истакнува дека сега ќе треба да се евакуира целиот град.
„Загрижени сме за водата за пиење, канализацијата, струјата и телекомуникациите, патиштата. Многу патишта се блокирани и не можеме да добиеме воздушна поддршка“, вели градоначалникот Мајлс.
Синоптичарите соопштија дека обилните врнежи од дожд ќе продолжат и в понеделник и ќе се совпаднат со плимата и осеката, што претставува опасност за ниските заедници, јавува Би-би-си.
Иако се очекува утре да престане да врне, реките допрва треба да го достигнат врвот и со денови ќе бидат надојдени. Се очекува неколку реки да ги соборат рекордите поставени за време на големите поплави во 1977 година. Реката Дејнтри веќе го надмина претходниот рекорд за 2 метра.
Владините претставници проценуваат дека штетите од катастрофата ќе надминат 1 милијарда австралиски долари или 670.000 американски долари.
Источна Австралија е зафатена од чести поплави во последните години, а тука е и Ел Нињо, кој обично се поврзува со екстремни настани, како што се циклони и пожари.
Последниот извештај од Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (IPCC) предупредува дека иднината на Австралија ќе биде преплавена со катастрофи, кои постојано се влошуваат доколку не се преземат итни мерки за запирање на климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

