Европа
(Видео) Пратеник од украинскиот парламент се најде во центарот на секс-скандал

Пратеничките во украинскиот парламент бараат оставка од претседателот на Комисијата за надворешна политика, Богдан Јаременко, поради негова наводна вмешаност во секс-скандал.
Иницијативата е предложена од Антонина Славицкаја, пратеничка на „Опозициска платформа – За живот“.
Јаременко, кој е пратеник од партијата Слуга на народот, е обвинет за вмешаност во наводен сексуален скандал, откако во украинските медиуми вчера се објавени снимки и фотографии како тој за време на собраниска седница се допишува со извесна сексуална работничка и бара нејзини услуги.
На една од фотографиите се гледа како Јаременко некому му напишал на руски јазик: „Услови за средба со тебе“, а потоа од соговорникот добил одговор: „Здраво. Вашето место. Сексот е заштитен, класичен и орален. Анален – табу. Еден час – 100 долари, а два часа – 150 долари“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ублажување на анти-ковид мерките во Велика Британија

Од денеска, во Велика Британија ќе следи ублажување на анти-ковид мерките што ќе значи дека луѓето ќе можат да купуваат но и да посетуваат фризер.
Сите продавници, фризери и салони за убавина ќе можат да ги отворат вратите за клиентите, а во рестораните и пабовите ќе им биде дозволено да служат храна и алкохолни пијалоци во своите градини, објави Би-Би-Си.
Од денеска е дозволена и работа на теретаните, сауните, зоолошките градини, тематските паркови, домови и домови на културата, а престанува да важи и забраната
за членови на семејството, кои живеат во заедници, да одат на заеднички одмор со самостојно сместување.
15 лица ќе можат да присуствуваат на венчавка, додека на 30 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат на погреб.
Децата ќе можат да излегуваат на игралишта.
Премиерот Борис Џонсон ги повика граѓаните и натаму да бидат одговорни, и покрај ублажувања на мерките.
Европа
(Видео) Во Виена протест порaди рестриктивните мерки

Полицијата во Виена уапси 14 демонстранти на протестот против рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот.
На протестот присуствуваа околу 3.000 луѓе, а полицијата употреби „бибер спреј“.
Голем дел од Австрија овој месец е во карантин поради зголемениот број на заразени лица со коронавирусот. Со цел да го забрза процесот на имунизација, австриската Влада најави купување на руската вакцина Спутник В.
Европа
Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“.
Малолетникот се заканил дека ќе изврши терористички напад врз виенската катедрала Свети Стефан, бидејќи, наводно не добил одговор на пораките што му ги испратил на австрискиот канцелар, Себастијан Курц,
Тој е приведен, а полициските службеници во моментов проверуваат дали неговата закана е поврзана со исламски тероризам. По апсењето, малолетникот рекол дека немал намера да ја изврши својата закана и дека наводно станувало збор за „шега“. Тој исто така во полицијата изјавил дека не бил свесен за последиците од неговите постапки. Малолетникот сега е во притвор, а полицијата спроведува понатамошна истрага.
По терористичкиот напад во ноември, австриската полиција многу сериозно ја сфаќа секоја закана и дејствува многу побрзо од порано. Терористичкиот напад, во кој беа убиени четири лица, а дваесетина беа повредени, го изврши Австриец со албанско потекло.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш