Европа
(Видео) Првите фотографии и снимки од детската болница по нападот врз Киев: 7 загинати, неколкумина повредени
Најмалку седум лица загинаа, а неколкумина се повредени во рускиот напад врз Киев, што се случи утринава.
Украинската војска соопшти дека Русија рано утринава лансирала неколку балистички и крстосувачки ракети кон главниот град Киев.
Russians attacked a children’s hospital in Kyiv. One building was destroyed
At least 3 civilians dead.
This is terrible.
Those who support Putin and continue to meet with him – support this pic.twitter.com/tvKMSMip8h
— Денис Казанський (@den_kazansky) July 8, 2024
Во нападот се користени и хиперсонични ракети, кои се десетпати побрзи од брзината на светлината.
Како што пренесуваат медиумите, во нападот била погодена и најголемата детска болница во Киев.
На видеата што се споделуваат на интернет се гледа дека внатрешноста на болницата е сериозно оштетена.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека во нападот била погодена детска болница, но не кажа дали има жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Погоден објект во Русија важен за нафтоводот „Дружба“
Нафтената пумпна станица „Калејкино“ во руската Република Татарстан, клучен центар за работата на извозниот нафтовод „Дружба“, беше нападната синоќа.
Според снимките што се проширија на интернет, на местото избувна голем пожар, а пламените се издигаа високо над објектот. Регионалните власти потврдија утрово дека е нападнат индустриски објект.
Last night, Ukrainian UAVs attacked the Kaleykino Oil Pumping Station in the city of Almetyevsk, Republic of Tatarstan.
The Kaleykino Oil Pumping Station serves as the endpoint for the Karabash-Almetyevsk-Kaleykino Pipeline and feeds into the larger Druzhba Pipeline network.… pic.twitter.com/dyv3TcrtBW
— AMK Mapping 🇳🇿 (@AMK_Mapping_) February 23, 2026
Руските власти во официјално соопштение соопштија дека „малиот пожар“ е предизвикан од остатоци од дрон. „Нема повредени. Службите за итни случаи работат на отстранување на последиците. Ситуацијата е под контрола“, соопшти регионалната администрација.
Станицата „Калејкино“ е најмоќниот објект од ваков вид во регионот и еден од клучните логистички центри на рускиот енергетски систем. Тука се меша нафта од различни делови на Русија, вклучувајќи го Западен Сибир и регионот Волга, пред да биде испратена за извоз. Фабриката одржува притисок и континуиран проток на сурова нафта во цевководот „Дружба“, а истовремено снабдува рафинерии во Татарстан.
Штетата на тој објект би можела директно да влијае на руската воена економија, пишува „Украинска правда“. Приходите од нафта и гас сочинуваат околу една третина од федералниот буџет на Русија, од кој се финансира војната против Украина, а Калејхино претставува една од почетните точки во синџирот што ги насочува ресурсите кон европските пазари.
Европа
Путин: Развојот на нуклеарните сили сега е наш апсолутен приоритет
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека развојот на руските нуклеарни сили сега е „апсолутен приоритет“ откако истече последниот преостанат договор за контрола на оружјето меѓу Русија и САД.
„Развојот на нуклеарната тријада, која ја гарантира безбедноста на Русија и обезбедува ефикасно стратешко одвраќање и рамнотежа на моќта во светот, останува апсолутен приоритет“, рече Путин во видео порака.
Путин зборуваше на Денот на бранителот на татковината на Русија, празник кој традиционално се одбележува со воени церемонии и изрази на патриотизам под покровителство на Кремљ.
Тој најави дека Русија ќе продолжи да ја „зајакнува армијата и морнарицата“ и да го користи искуството стекнато за време на речиси четиригодишната војна во Украина.
Тој рече дека сите гранки на вооружените сили ќе бидат подобрени, вклучително и нивната „борбена подготвеност, мобилност и способност за дејствување во сите услови, дури и во најтешките“.
Европа
(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор и дека е одговорен за војната, во интервју за Би-би-си.
Водителот потсети на претходните контрадикторни изјави на Трамп, вклучително и онаа во која тој го нарече Зеленски „диктатор“ кој ја започна војната, повторувајќи ги тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин.
„Јас не сум диктатор и јас не ја започнав војната. Тоа е тоа“, одговори Зеленски со смеа.
Во интервјуто се осврнаа и на преговорите, вклучувајќи ги посетите на специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, на Москва, и загриженоста дека САД би можеле да бидат под влијание на руските наративи.
Зеленски истакна дека Виткоф се среќава почесто со украинската страна отколку со Русија и дека имал повеќе средби со Трамп отколку со Путин.
Тој додаде дека не може да го тврди тоа со сигурност, истакнувајќи дека самиот Виткоф вели дека се сретнал со украинската страна повеќе пати отколку со Русите. Тој исто така истакна дека имал бројни средби со Трамп, додека Трамп се сретнал со Путин само еднаш.
Зеленски рече дека верува оти САД треба да ја сопрат Русија, а не да се обидуваат да ѝ угодат, тврдејќи дека Москва ќе продолжи да мами без оглед на околностите.
Тој заклучи дека Русија дејствува првенствено водена од сопствените интереси.

