Свет
(Видео) Се слави во Дамаск падот на Башар Ал-Асад, група Сиријци упадна во неговата резиденција

Сириските бунтовници го соборија претседателството на Башар ал Асад, кој во текот на ноќта побегнал со авион на непозната дестинација.
Армијата не пружила никаков отпор на бунтовниците, кои влегле во главниот град Дамаск.
Syrian rebels have entered Assad’s massive presidential palace complex in Damascus. pic.twitter.com/xxNRUn80tw
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) December 8, 2024
Илјадници луѓе се собраа на главниот плоштад во Дамаск и извикуваа „слобода“.
Damascus has fallen.
Syria has fallen.
Bashar al-Assad has fallen.
These scenes show the disappearance of the Syrian army and security forces from the streets, similar to what happened previously in Iraq.#Damascus #Syria #BasharAlAssad #SyrianArmy #Iraq pic.twitter.com/HyDnhGx4h5— khaled mahmoued (@khaledmahmoued1) December 8, 2024
Многумина возат со автомобили и пукаат во воздух.
Група Сиријци упадна во неговата резиденција.
🇸🇾👀 Syrian rebels have entered Assad’s palace in Damascus. What Russia has been building in this country for almost 10 years has been destroyed.
‼️ This morning, the rebels announced the beginning of a new era. People in Syria are celebrating in the streets. pic.twitter.com/qqH9q3qLY6
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) December 8, 2024
Драматичниот пад на Башар ал-Асад означува сеизмички момент за Блискиот Исток, ставајќи крај на 53-годишното владеење на семејството, и задавајќи имудар на Русија и Иран, кои изгубија клучен сојузник во срцето на регионот.
Брзината на настаните ги запрепасти арапските престолнини и ги поттикна стравувањата од нов бран на регионална нестабилност.
Водачот на бунтовниците Абу Мохамед ал-Џулани ги предупреди воените сили во главниот град дека „строго е забрането да се приближуваат до јавните институции, кои ќе останат под надзор на поранешниот премиер додека официјално не бидат предадени“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.