Свет
(Видео) Протест во Баку поради француската резолуција за Нагорно-Карабах
Група луѓе, граѓани и претставници на повеќе од 40 невладини организации се собраа пред француската амбасада во главниот град на Азербејџан, Баку, за да ја осудат резолуцијата за признавање на независноста на регионот Нагорно-Карабах, усвоена од Горниот дом на Франција, пренесува азербејџански „Тренд“.
Учесниците на протестот извикуваат слогани „Карабах е Азербејџан!“, „Франција, биди фер!“, „Франција, почитувај го меѓународното право!“, „Франција, излези од ОБСЕ!“
„Додека замижува пред многуте меѓународни злосторства извршени од Ерменија врз Азербејџан, пред теророт и вандализмот врз азербејџански цивили, Франција покажува дволичност и лицемерство пред целиот свет. Резолуцијата на францускиот Сенат насочена кон признавање на Република Нагорно-Карабах е закана за декларацијата да се стави крај на конфликтот во Нагорно-Карабах“, велат учесниците.
„Ние ја осудуваме резолуцијата на францускиот Сенат и бараме нејзино поништување. Бараме прекинување на сите врски со Франција сè додека не се поништи резолуцијата. Резолуцијата е голем срам за Франција, која е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и копретседавач на групата од Минск на ОБСЕ. Франција мора да се откаже од мандатот на копретседавачот на групата од Минск и од мисијата за медијација“, бараат тие.
На 18 ноември, во Президиумот на францускиот Сенат, група сенатори под влијание на ерменската дијаспора презентираа нацрт-резолуција број 145 „за потребата од признавање на Република Нагорно-Карабах“, за која беше дискутирано и беше усвоена на 25 ноември.
Судирот во Нагорно-Карабах првично почна во февруари 1988 година кога регионот доминиран од Ерменците прогласи отцепување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан. Азербејџан изгуби контрола над самопрогласената република и нејзините соседни области во вооружените судири во периодот 1992-1994 година. Од 1992 година преговорите за мирно решавање на конфликтот течеа со посредство на групата од Минск, копретседавана од Русија, Франција и САД.
Оттогаш непријателствата во регионот избувнуваа повеќепати, а последниот конфликт почна во септември. Режимот на прекин на огнот беше воведен од 10 ноември кога лидерите на Русија, Азербејџан и на Ерменија усвоија заедничка изјава за прекин на вооружените борби во Нагорно-Карабах на 9 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија
Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.
Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.
„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведчук: Украина не е во можност да ги исполни американските услови за мир
Властите на Украина не се во можност да ги исполнат барањата на САД во врска со мирно решавање на конфликтот, бидејќи тие подразбираат целосна промена на владата и државната идеологија – нешто што во моментов нема никој во Украина да го обезбеди, а сегашниот режим сака да владее со земјата до бесконечност, изјави претседателот на советот на движењето „Втора Украина“, Виктор Медведчук, пренесува РИА Новости.
„Токму оние точки од планот што стигнаа до медиумите не подразбираат отстапки, туку радикална промена во надворешната и внатрешната политика на Украина. Тоа е целосно ресетирање на владата и државната идеологија. Нема никој што ќе обезбеди таков пресврт во Украина на Владимир Зеленски денес: оние што можеа да го обезбедат тоа беа протерани, уапсени или убиени. Нема враќање назад“, рече Медведчук во соопштение објавено на веб-страницата на движењето „Втора Украина“.
Тој истакна дека постојат барања од Вашингтон што сегашното украинско раководство едноставно не е во можност да ги исполни.
„Не затоа што овие барања се лоши или неправедни, туку затоа што администрацијата на концентрациониот логор не е во состојба да обезбеди демократски промени. Исто така, постои и раководство на земјата кое сака да владее со неа бесконечно, без да се осврнува на законите, правата и слободите на граѓаните“, додаде Медведчук.
Според него, мирот не е прифатлив за Зеленски во никаква форма.
„Ако нелегитимното лице воопшто попушти во нешто, тоа е пресуда за неговата криминална политика. Затоа ќе се врти како вошка на чешел, но нема да се согласи со ништо“, рече Медведчук.
Според весникот „Фајненшл тајмс“, планот предложен од САД подразбира намалување на американската воена помош за Киев, признавање на официјалниот статус на канонската Украинска православна црква и прогласување на рускиот јазик за државен јазик во Украина, така што Киев ќе ја прифати реалноста, односно дека Донбас е дел од Русија, како и намалување на украинските вооружени сили.
Планот вклучува и забрана за распоредување на странски трупи на украинска територија и забрана за испорака на оружје со долг дострел во Киев. Како што објави порталот „Аксиос“, планот подразбира дека САД и другите земји ги признаваат Крим и Донбас како легитимни руски територии.
Фото: принтскрин

