Свет
(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на победата над фашизмот. Toj рече дека победата е од колосална важност.
„ Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ“, рече Путин повикувајќи на едноминутно молчење за жртвите.
Тој рече дека Советскиот народ му изрекол историска пресуда за нацизмот и го победил.
Паради по повод победата над фашизмот ќе се одржат денес во 27 руски градови.
Почетокот на парадата во Москва беше обележан со камбаните на кулата Спасител на Црвениот плоштад. Парадата ја водеше врховниот командант на копнената армија, армискиот генерал Олег Саjуков, кој му го предаде на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу,кој пак му достави извештај на претседателот Путин.
На Црвениот плоштад дефилираат 12.500 војници и 190 единици оружје, воена и специјална опрема и 76 авиони и хеликоптери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

