Свет
(Видео) Рио де Жанерио гори, паравоените банди со напад врз јавниот транспортен центар
Гувернерот на Рио де Жанерио, Клаудио Кастро, вети дека ќе му возврати на организираниот криминал откако паравоените гангстери извршија напад без преседан на јавниот транспортен систем во Рио палејќи десетици возила во, како што политичарот ги нарече, „акти на тероризам“. Криминалците наводно запалиле најмалку 36 автобуси, четири камиони и воз, во еден од најголемите криминални напади во историјата на Рио.
Нападите наводно биле како одмазда за полициското убиство на висок водач на паравоена банда по име Матеус да Силва Резенде. „Тој беше познат како господар на војната“, изјави десничарскиот гувернер на Рио на вонредната прес-конференција. Ерупцијата на насилство,ж доведе до застој во делови од најпознатиот бразилски град и принуди да се затворат најмалку 45 училишта, пренесуваат локални медиуми.
Já temos nosso próprio terrorismo no Brasil. Hoje no Rio de Janeiro, dezenas de ônibus incendiados. Passamos 4 anos sem MST, greves e atos de terrorismo como os de hoje no Rio de Janeiro. pic.twitter.com/GNAJYiEdia
— Bia Kicis (@Biakicis) October 23, 2023
Нападите наводно се случиле во најмалку девет области – Космос, Кампо Гранде, Инхоаиба, Гуаратиба, Мадуреира, Пасиенсија, Санта Круз, Сепетиба и Рекреио дос Бандеирантес – дом на околу еден милион луѓе.
O Rio de Janeiro viveu nesta segunda-feira, 23, um dos maiores ataques criminosos de sua história, com 35 ônibus incendiados. A polícia atribui os ataques à ação de milicianos. Clique abaixo para ver o vídeo: pic.twitter.com/gCwibSQZZu
— O Antagonista (@o_antagonista) October 23, 2023
Владините претставници и медиумските извештаи го припишуваат насилството на милициите, политички поврзани групи во мафијашки стил, кои презедоа контрола врз огромни делови од Рио во изминатите две децении.
Гувернерот Кастро рече дека 12 криминалци биле уапсени во врска со нападите и ќе бидат обвинети за терористички дела. „Не се сомневам дека утре ќе биде многу поуреден и помирен ден“, им рече тој на новинарите ветувајќи дека ќе се бори жестоко против таквите криминалци „24 часа на ден, седум дена во неделата“. „Злото нема да триумфира над доброто“, рече Кастро, предупредувајќи ги организираните криминални групи да не се осмелуваат да ја предизвикаат државата.
Насилството почна неколку часа по пукањето на Резенде (24) за кој се вели дека е внук на еден од најозлогласените криминални босови во Рио, Луис Антонио да Силва Брага, паравоен командант со прекар Зињо. Резенде наводно бил убиен за време на полициска операција во Трес Понтес, кое е озлогласено упориште на милицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен
Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад врз Иран, по што следуваа ирански напади со дронови и ракети, пренесе Си-Ен-Ен.
@cruise_life26 Pemandangan dari kapal Mein Schiff 4 yg berada di ABU DHABI, perang Amerika-Israel vs Iran #kapalpesiar #meinschiff #dubai #perangiranisrael #iran ♬ suara asli – Cruise life
Најмалку шест бродови од неколку компании се погодени од ситуацијата. Крузерите што пловат во Персискиот Залив не можат да поминат низ Ормутскиот теснец, а воздушниот простор во регионот е затворен, што ги отежнува и повратните летови.
@sanddra38 Hey Macarena…MSC Entertainment Team – Fabulous!! #ineedmorelikesonmyvideo #travelqueenno17 #singalong #msceuribia #macarena ♬ original sound – TRAVEL QUEEN NO.17
На бродот MSC Euribia, закотвен во Дубаи, патници изјавиле дека слушнале експлозии и виделе како се пресретнуваат ракети и дронови. И покрај тоа, атмосферата на бродот останала речиси нормална.
@hittamputihh_ #dubai #hopeeverybodysafe #msceuribia #2026 #fyppppppppppppppppppppppp ♬ suara asli – Reres – RereMall
Некои патници продолжиле да се сончаат, да играат и да се забавуваат покрај базенот, додека над нив се пресретнувале дронови. Дури била организирана забава со музика, пијалоци и танцување.
Иако дел од патниците велат дека ситуацијата изгледа надреално, повеќето нагласуваат дека на бродот нема паника. Сепак, многумина се загрижени кога и како ќе се вратат дома, особено поради затворениот воздушен простор и хаосот на аеродромите.
@dzoanalifestyle 😢 Cruise on Mein Schiff 5. It was supposed to be a fun adventure on the ship ⛴️ but something bad happened 😞 I hope it ends soon and we can return safely to Poland… #MeinSchiff #vacation #cruise #FYP ♬ оригинальный звук – kolb
Се верува дека шест крузери моментално се закотвени во пристаништа во Дубаи, Доха и Абу Даби, додека компаниите чекаат нови безбедносни насоки.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.

