Свет
(Видео) САД ѝ наредија на Кина да го затвори конзулатот во Хјустон во рок од 72 часа
САД побараа од Кина да ја затвори канцеларијата за пасоши и визи во генералниот конзулат на Кина во Хјустон, Тексас, информира главниот уредник на „Глобал тајмс“ цитиран од „Ројтерс“.
Кинеското МНР ја потврди информацијата велејќи дека Вашингтон ненадејно на 21 јули го известил Пекинг да го затвори својот конзулат во Тексас. Според дневниот брифинг на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, Пекинг остро ја осудил одлуката и ги повикал САД да го повлечат овој потег, истовремено најавувајќи одмазднички мерки како одговор.
The US asked China to close Consulate General in Houston in 72 hours. This is a crazy move.
— Hu Xijin 胡锡进 (@HuXijin_GT) July 22, 2020
Кина во моментот има пет генерални конзулати во САД, вклучувајќи ги и оние во Њујорк, Чикаго, Сан Франциско и Лос Анџелес, како и кинеската амбасада во Вашингтон.
Според локалната телевизија КПРЦ 2, која го цитирала полицискиот оддел Хјустон, полицијата и противпожарната служба претходно одговориле на повик за пожар што бил забележан во дворот на конзулатот. Извештаите посочуваат дека пожарот е резултат на документи што биле запалени во дворот на зградата.
Коментирајќи ги извештаите за палењето документи во дворот на конзулатот, Ванг Венбин рече дека канцеларијата на Хјустон работи нормално.
Развојот со конзултатот во Хјустон е провокација и игра на кој прв ќе се повлече во односите меѓу Кина и САД, вели д-р Ванг Јивеј, директор на Институтот за меѓународни работи и Центарот за европски студии при Универзитетот „Ренмин“ во Пекинг.
„Трамп ја притиска Кина само да добие реизбор, да се оддалечи од неговите проблеми. Дури и тој не може да постигне таква цел. Можат да се случат и поопасните дејства, како што се прекин на дипломатските односи и воен конфликт ако Кина покаже слабост. Трамп ја принудува Кина да направи жртви за неговиот реизбор со киднапирање на американските гласачи и американските сојузници“, додава професорот.
This video shared with us by a viewer who lives next to the Consulate General of China in #Houston shows fire and activity in the courtyard of the building.
DETAILS SO FAR: https://t.co/2cOeKoap96 pic.twitter.com/0myxe6HIlC— KPRC2Tulsi (@KPRC2Tulsi) July 22, 2020
Подоцна, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, го коментира овој потег велејќи дека затворањето на конзулатот е мотивирано од потребата да се заштитат американската интелектуална сопственост и приватните информации.
Во вторникот Министерството за правда на САД соопшти дека двајца кинески официјални лица се обиделе да украдат истражување за вакцината за Ковид-19 преку наводни обиди за хакирање голем број американски, британски и други меѓународни компании.
Кинескиот амбасадор во Велика Британија, Лиу Сјијаоми, ги отфрли овие неосновани тврдења како непочитување на кинеските научници и нивните достигнувања. Пекинг е една од водечките земји во своите обиди за истражување против коронавирусот со својата втора национална вакцина произведена од „Синовак биотек“, што набргу се очекува да влезе во последната фаза на тестирање кај луѓе.
Кинеско-американските односи се влошија за време на пандемијата на коронавирусот бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп постојано го обвинуваше Пекинг за ширењето на вирусот. Американски официјални лица претходно изјавија дека размислуваат за разни опции за казнување на Кина за бројот на смртни случаи, кои се резултат на пандемијата, вклучително и забрана за некои од најпопуларните платформи за социјални мрежи, како што е „Тикток“. Сепак, според кинеското МНР, наредбата да се затвори конзулатот е прилично неочекувана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

