Контакт

Свет

(Видео) Самоубиствен напад во близина на воената болница во Кабул, има загинати

Објавено пред

Најмалку две експлозии одекнаа во близина на воената болница „Мохамед Дауд Кан“ во Кабул, главниот град на Авганистан, а потоа се слушнаа истрели, јавија светските гласила.

На фотографиите што ги имаат објавено некои граѓани се гледа облак од чад кој се издигнува над местото каде што одекнаа експлозиите.

Некои медиуми тврдат дека се стравува дека има загинати.

Талибанските претставници сè уште не се изјасниле за овој случај, а никој досега не ја презел одговорноста.

Агенцијата „РИА Новости“ јавува дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец и потврдува дека по детонацијата се слушнале и истрели.

Исламската држава, која изврши напади врз џамии и други цели откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул во август оваа година, нападна болница со 400 кревети во 2017 година, при што загинаа повеќе од 30 луѓе.

Свет

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Објавено пред

Австрискиот министер за финансии Гернот Блимел најави оставка.

Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц најави повлекување од политиката и по најавата на актуелниот канцелар Александар Шаленберг дека функцијата ќе му ја препушти на идниот шеф на Народната партија.

Инаку, Блимел е наведен како еден од обвинетите покрај Курц во истрагата за проневера и поткуп, поврзана со нарачување наводни лажни истраги. ОВП, како што се шпекулира, не сака да чека да види дали ќе се појават дополнителни детали кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел.

Во Австрија се шпекулира дека министерот за внатрешни работи Карл Нехамер би можел да ја преземе функцијата шеф на ОВП, но и како канцелар и министер за финансии. Може да има дополнителни промени во владата, бидејќи се споменува дека Нехамер би можел да ги замени министерката за економија Маргарета Шрамбек, министерката за земјоделство Елизабет Кестингер и министерката за интеграции Сузана Раб, членови на владата кои биле многу блиски со Курц.

Прикажи повеќе...

Свет

Австралија го пријави првиот случај на омикрон

Објавено пред

Австралија го пријави првиот случај на омикрон во земјата, но властите останаа цврсти во нивниот план за повторно отворање на економијата со надеж дека варијантата ќе се покаже поблага од претходните видови.

Новиот случај на зараза кај студент во Сиднеј е првата потврдена инфекција со омикрон на лице кое не патувало во странство, што е знак дека оваа варијанта сега е во заедницата, соопштија властите во Нов Јужен Велс (NSW).

Но, тие се воздржаа од менување на насоката бидејќи најнаселената држава во земјата продолжува постепено да се отвора по претходниот, повирулентен вид делта што резултираше со затворање повеќе од четири месеци.

„ Трансферот е секогаш загрижувачки, но повторно треба да го одржуваме во перспектива“, им рече на новинарите министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард.

„ Во целиот свет, нема јасност околу тоа дали оваа конкретна варијанта ќе ни предизвика некој од проблемите што ни ги предизвикаа претходните варијанти“, додаде тој.

Австралија сега има девет потврдени случаи на омикрон, осум во Нов Јужен Велс, каде што живеат една третина од 25 милиони луѓе во земјата.

Иако некои држави ги зајакнаа контролите на внатрешните граници, федералната влада соопшти дека не планира да се врати на затворањата. Владата, исто така, го одложи планот за ослободување на странски студенти и квалификувани мигранти во земјата за две недели.

Австралијците кои се враќаат од Јужна Африка, исто така, мора да поминат низ двонеделен хотелски карантин.

Главниот владин советник за здравство Пол Кели рече дека земјата нема да препорача воведување на дополнителни дози на вакцината, како што направија другите земји, бидејќи нема докази дека претходна дополнителна доза на сегашната вакцина ќе ја зголеми заштитата од омикрон.

Прикажи повеќе...

Свет

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

Објавено пред

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица.

САД воведоа ограничувања за 20 физички лица и 12 ентитети, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за финансии, пренесува „Ројтерс“.

Европската унија воведе санкции за белоруската државна авиокомпанија „Белавија“, обвинувајќи ја компанијата дека ги користи трансферите на мигранти како тактика за дестабилизација на европските земји. Новите санкции на ЕУ беа одобрени минатиот месец и стапија на сила во четвртокот, по нивното објавување во Службениот весник на ЕУ. Властите на ЕУ ставија на црната листа 17 физички лица и 11 деловни субјекти, вклучувајќи судии и високи белоруски функционери, а санкциите вклучуваат замрзнување на средствата и забрана за патување.

Санкциите против „Белавија“ значат дека компаниите од ЕУ повеќе не можат да изнајмуваат авиони на белоруските авиокомпании, изјавија претставници на ЕУ. Се уште не е познато дали „Белавија“ ќе мора да врати 17 авиони изнајмени од авиокомпании во Ирска.

„Белавија“, на која веќе и беше забрането да лета над ЕУ претходно оваа година, лета до дестинации како Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Ерменија, Грузија, Азербејџан, Узбекистан и Казахстан.

Велика Британија воведе нови санкции за белоруски физички и правни лица и ги замрзна средствата на еден од најголемите светски производители на ѓубрива – OJSC Belaruskali.

„ Овие санкции продолжуваат да таргетираат важни извори на приходи за режимот на Александар Лукашенко и ставаат строги ограничувања на одговорните за некои од најлошите антидемократски дејствија во Белорусија“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Канада воведе нови санкции за белоруски функционери и субјекти во координација со меѓународните партнери во знак на протест поради, како што соопшти, нападите врз човековите права и акти на репресија. Канадското Министерство за надворешни работи соопшти дека работи заедно со САД, Европската унија и Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии Гернот Блимел најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан...

Свет28 минути

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Македонија1 час

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Денеска се очекува со два воено-транспортни авиони да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа...

Свет11 час

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа14 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион14 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет15 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија18 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа21 час

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија22 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија23 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа24 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Досие