Контакт

Европа

(Видео) Седумнаесет повредени на собир на автоклуб, автомобили влетаа во гледачите

Објавено пред

Во несреќата што се случи при судир на два автомобила што влетаа во гледачите на неделен собир на автоклуб во англискиот град Стивениџ беа повредени 17 лица, од кои неколку потешко.

На социјалните мрежи се појави снимка од очевидци на инцидентот, на која се гледа како еден автомобил удира во друг и потоа влетува во луѓето што стојат покрај патот во Стивениџ, на 45 километри северно од Лондон, соопшти агенцијата.

Настанот беше организиран од клубот „Круз-Херц“, чии членови се состануваат секој четврток.

Организаторот објави дека по овој инцидент, веќе нема да има собири на членовите на клубот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Полупразни плоштади и улици во Милано, коронавирусот внесува немир кај посетителите

Објавено пред

Откажани настапи на миланската опера, празни деловни простории и плоштади се слики кои доаѓаат од Милано откако коронавирусот се прошири во северниот дел на Италија.

Од кратката репортажа на агенцијата „Ruptly“ може да се забележи дека миланските улици во текот на денот се значително попразни од вообичаено и дека е намален бројот на туристи.

Оние кои сепак се решиле да го разгледаат градот, како и локалните жители кои имаат неодложни обврски, задолжително носат заштитни маски.

„Не сум многу загрижен во моментов, но по вестите за ширењето на вирусот во Ломбардија мислам дека треба да бидеме претпазиливи“, вели во кратка изјава еден од случајните минувачи.

Празни се и продавниците на брендовите од високата мода, исто како и полиците на повеќе маркети во регионот Ломбардија.

„Се работи за респираторен вирус за кој не верувам дека е многу смртоносен. Станува збор за заразна болест и мислам дека доколку се стравува од зараза тогаш е добро да се избегнуваат јавни собири бидејќи на тој начин најмногу се шират заразите. Инаку, според мене, малку се претерува со тоа што масовно се празнат рафтовите во маркетите, сепак ова е реалност, а не зомби-филм“, вели една посетителка на Милано во изјавата за агенцијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Тепачка меѓу педесетина Срби во Виена, се скарале на фамилијарна вечера

Објавено пред

Околу 50 луѓе учествувале во масовна тепачка во Виена кога членови на српско семејство се собрале на вечера во ресторан, пренесува „Индекс.хр“ повикувајќи се на австриските медиуми.

Откако полицијата реагирала, четири лица биле уапсени, а во тепачката има и повредени.

Пошироката фамилија се собрала во ресторан во Виена за семејна прослава во саботата, пишуваат австриските медиуми, но средбата ескалирала по неколку последователни кавги, објави „Блиц“.

Тепачката преминала од ресторанот на улица и една од келнерките повикала полиција. Полицајците утврдиле дека околу 50 лица учествувале во тепачката. По ова пристигнало засилување и целата улица била блокирана.

Причината за тепачката засега е непозната, пренесува „Блиц“.

Прикажи повеќе...

Европа

На карневалот во Германија повредени 52 лица, меѓу нив и 18 деца

Објавено пред

Германската полиција денеска соопшти дека 52 лица, меѓу кои и 18 деца, се повредени кога маж со автомобил влета во карневалска поворка во градот Фолкмарсен, во западна Германија, објави порталoт „Хесеншау“.

Пријавено е дека 35 лица се потешко повредени, а 17 полесно.

Инцидентот се случи вчера и ја шокира германската јавност, во чија колективна меморија сè уште е свежо пукањето во Ханау. Возачот веднаш бил уапсен.

„Што се случува во нашата земја?“, со ова прашање осамна насловната страница на весникот „Билд“.

Овој весник и други медиуми известија дека 29-годишниот Германец, уапсен под сомнение за обид за убиство, вчера не бил во можност да биде сослушан од полицијата бидејќи се здобил со повреда на главата.

„Досега нема индикации дека станува збор за политички мотивиран деликт“, цитираше „Билд“ изјава од извор вклучен во истрагата.

Сепак, се верува дека 29-годишникот постапил намерно и дека во овој чин удел имале и психолошки проблеми.

Некои медиуми известија дека се верува оти возачот бил под дејство на алкохол, па дури и дрога, но полицијата досега не ги потврдила овие информации.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија2 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Македонија2 часа

Патник од Дубаи заврши на Инфективна клиника, се прават тестирања за коронавирус

Пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје е примен пациент кој пред неколку дена допатувал од Дубаи, каде што...

Актуелно3 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија3 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион4 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт5 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија5 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет5 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет16 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт16 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет17 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија19 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет21 час

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа22 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија23 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет1 ден

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија1 ден

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија1 ден

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Досие