Свет
(Видео) Силен дожд во источна Австралија, опасни поплави во Сиднеј: Спасени се 150 луѓе

Австралиските власти соопштија дека 152 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс по обилните дождови кои поттикнаа предупредувања да се преселат на повисоките места.
Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што неколку ниски предградија доживеале опасни поплави.
Околу 15 наредби за итна евакуација беа на сила низ целата држава, објавија службите за итни случаи, при што добиле 4.128 повици за помош во 24-часовен период.
„Некои реки сè уште се креваат, особено во западниот дел на Сиднеј“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс на прес-конференција.
Поројни дождови ја зафатија југоисточна Австралија вчера и донесоа врнежи во количина за речиси еден месец во Сиднеј, што предизвика предупредувања до жителите да избегнуваат непотребни патувања и да останат во затворени простории.
Во Сиднеј наврнале 111 милиметри дожд во 24 часа до вчераутро, покажаа временските податоци, што е само малку помалку од просечните врнежи од 121,5 милиметри за април.
A man clinging to an excavator has been rescued by SES volunteers after finding himself stranded in floodwaters in Erskine Park this morning.
It comes as heavy rainfall overnight sparked evacuation orders and flood warnings across parts of Sydney. #9News
LATEST:… pic.twitter.com/qhWPBOYEEa
— 9News Australia (@9NewsAUS) April 5, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници

Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп.
-Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници, се вели во соопштението на Кремљ.
Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор на Украина и дека преговорите за ставање крај на конфликтот ќе започнат „веднаш“.
Тие разговори ќе бидат на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, пофалувајќи ги „огромните придобивки од подобрените односи“ меѓу САД и Русија
Свет
Трамп: Со Путин е договорен прекин на огнот за енергетските и инфраструктурните објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се договорил за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во сите енергетски и инфраструктурни објекти.
„Се согласивме на итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат“.
„Тој процес сега е во полна сила и ефект, и се надеваме, заради човештвото, дека ќе ја завршиме работата“, рече Трамп.
Свет
Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа.
Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно.
Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.