Свет
(Видео) „Совесно и верно ќе ги извршувам должностите на функцијата што ќе ја преземам“: Трамп положи заклетва како 47. претседател на САД
Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана 47-ми претседател на САД.
„Свечено се колнам дека ќе го поддржам и бранам Уставот на Соединетите Држави против сите непријатели, странски и домашни; дека ќе бидам верен на истото; дека оваа обврска ја преземам слободно, без никаква ментална резерва или намера за затајување и дека совесно и верно ќе ги извршувам должностите на функцијата што ќе ја преземам, затоа Бог помогни ми, гласи заклетвата штоТрамп ја прочита на две библии.
Инаку, иако првично беше планирано Трамп да положи заклетва пред Капитол пред 200.000 луѓе, како што беше најавено, церемонијата беше преместена во зградата поради екстремно студеното време, поточно на делот од Капитолот под најголемата централна купола на зградата.
Овој простор содржи скулптури, релјефи и слики на најважните американски претседатели и други значајни личности или оние кои оставиле најголем белег во историјата на таа земја. Со претседателите Хари Труман, Двајт Ајзенхауер, Џејмс Гарфилд, Улис Грант и други, како и Мартин Лутер Кинг, Елизабет Кејди Стентон, Сузан Ентони.
На заклетвата и претходеше свечен дел кој се состоеше од:
Музички вовед изведен од комбинираните хорови на Универзитетот во Небраска-Линколн;
Воведен дел: Мелодија „The President’s Own“ во изведба на Бендот на американскиот маринци;
Кардиналот Тимоти Долан, архиепископ од Њујорк, и свештеникот Френклин Греам од Samaritan’s Purse и Евангелистичкото здружение Били Греам, принесоа молитва;
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

