Контакт

Европа

(Видео) Судир меѓу германската полиција и демонстрантите на протестот против владините мерки

Објавено пред

Германската полиција употреби водни топови и солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти што се собраа поради новата законска рамка за спроведување на ограничувањата против ширењето на коронавирусот, усвоен од парламентот.

Демонстрантите во близина на познатата Бранденбуршка порта фрлаа стаклени шишиња и димни бомби кон полицијата. Интервентната полиција уапси неколку демонстранти и ги повика со озвучување да го напуштат местото.

Полицијата уапси 190 лица, а деветмина полицајци беа повредени, пренесува „Ројтерс“. Демонстрантите, вклучително и некои крајнодесни радикалисти, се противат на законот со кој се воведуваат мерки, како што се ограничување на социјалните контакти, правила за носење маски, пиење алкохол на јавни места и затворање на продавниците.

Демонстрантите на протестот не ја држеа потребната физичка дистанца или не носеа маски за лице. Некои држеа транспаренти со пароли како: „Престанете да лажете за коронавирусот“ и „Без присилна вакцинација“.

Министерот за здравство, Јенс Спан, пред парламентот рече дека никој нема да биде принуден да ја прими вакцината и ја опиша пандемијата како нешто што се случува еднаш во векот.

Додека повеќето Германци го прифаќаат делумниот карантин за да се запре ширењето на новиот коронавирус во вториот бран, критичарите велат дека амандманот ги загрозува граѓанските права.

Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го спореди амандманот со Законот за итните овластувања од 1933 година, со кој се отвори патот за нацистичката диктатура на Хитлер.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Германија спор околу мерките за Ковид-19, Меркел со жестоки критики за сојузните покраини

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја критикувала најавата на некои сојузни покраини за отворање на хотелите во периодот меѓу Божиќ и Нова година, за гости кои патуваат во приватен аранжман, објавија германските медиуми.

„Немам таква фантазија за да можам да сфатам зошто токму покраините најпогодени од вториот бран на коронавирус сега планираат да отвораат хотели“, рекла Меркел, цитирана од сведоци на состанокот на претседателството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) денеска наутро.

Некои сојузни покраини, како Северна Рајна-Вестфалија или Берлин, кои се најтешко погодени од ширењето на пандемијата, објавија дека во периодот меѓу католичкиот Божиќ и Нова година ќе им овозможат на хотелите да примаат гости кои патуваат за време на празниците, со цел да ги посетат роднините.

Мерките, кои се на сила од почетокот на ноември и се продолжени до 20 декември, им овозможуваат на хотелите да ги прифаќаат само оние гости кои патуваат деловно.

Меркел укажала на тоа дека е невозможно да се контролира дали гостите се во хотел само за да ги посетат роднините или поради некои трети лица, или едноставно чисто од туристички причини.

Канцеларката посебно ја критикувала најавата на Берлин, каде инциденцата е поголема од 200 во последните денови и каде капацитетите во единиците за интензивна нега се пополнуваат со голема брзина.

Коалицијата на демохристијани и либерали е на власт во проблематичната покраина Северна Рајна-Вестфалија, а социјалдемократите, зелените и левицата се на власт во Берлин.

Според истите информации, германската канцеларка не ја критикувала најавата за отворање на хотелите во сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија, каде што бројот на заразени е значително помал.

Меркел исто така се залага за оневозможување на ски и зимски туризам барем до 10 јануари, во што е поддржана од Италија и Франција, но се спротивставува Австрија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Сомнителен пакет во близина на една од највисоките згради во Лондон, блокирани сите приоди

Објавено пред

Британската полиција ги блокираше приодите кон кулата „Херон“ во Лондон по пријавата дека во непосредна близина е забележан сомнителен пакет.

„Околу зградата е воспоставена блокада ширина од 200 метри, затворени се пристапите за пешаци и патишта“, се вели во соопштението на лондонската полиција.

Кулата „Херон“ е една од највисоките згради во Лондон, висока е 230 метри.

Во Англија во моментов е на сила блокада поради спречување на ширењето на коронавирусот, а многу канцеларии се главно затворени затоа што повеќето вработени работат од дома.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција: Вакцината прво за луѓето во старските домовите и за персоналот

Објавено пред

Највисокото здравствено советодавно тело на Франција (ХАС) соопшти дека препорачува вакцината против Ковид-19, кога ќе пристигне во земјата, прво да им се даде на старските домови и нивниот персонал.

ХАС предложи вакцинацијата да се спроведе во фази и на доброволна основа, како и во многу други земји.

Претседателот Емануел Макрон минатата недела рече дека вакцините може да се користат веќе на крајот на годината во Франција, доколку бидат одобрени од регулаторните тела.

По старските домови, кои опфаќаат околу 840.000 луѓе во Франција, втората фаза ќе биде насочена кон лица на возраст од 65 години и повеќе, како и некои здравствени работници, соопшти ХАС.

Следните три фази ќе вклучуваат луѓе со хронични заболувања како што се дијабетес, потоа професионалци кои работат во изложени услови и возрасни без хронични заболувања.

„Овие препораки ќе бидат дополнително развиени кога ќе имаме повеќе податоци. Ние повикуваме на вакцинација на доброволна основа”, им рече на новинарите лидерот на ХАС, Доминик ле Гулудек.

Француската влада треба детално да објасни во наредните денови како се спроведува нејзината кампања за вакцинација.

Од приближно 1,9 милијарди дози што се очекува да ги набави ЕУ во оваа фаза, Франција сака да обезбеди околу 295 милиони дози.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

САД: Осуден на смрт пред 20 години неможе да биде погубен бидејќи нема инекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инекција на осуденикот Ричард Бернард...

Свет22 минути

Земјотрес со јачина од 6,2 степени на границата меѓу Чиле и Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди пограничната област меѓу Аргентина и Чиле. Како што соопшти...

Свет22 минути

Калифорнија најави заострување на рестриктивните мерки за Ковид-19

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска најави можност за заострување на рестриктивните мерки против Ковид-19 во следните два дена. Можно...

Македонија46 минути

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги започне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија9 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет11 час

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион12 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија13 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет13 часа

Се самоуби телохранителот на Путин

Припадник на руската Федерална служба за безбедност изврши самоубиство денеска додека бил на должност во Кремљ, соопшти полицијата. „Вработен изврши...

Свет15 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија18 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија19 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа19 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија19 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија20 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија20 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет21 час

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија22 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија22 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион22 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Досие