Свет
(Видео) Трамп го испрска сирискиот претседател со парфем: „Колку жени имаш?“
Сирискиот претседател пристигна во Белата куќа низ спореден влез. На новинарите, кои подготвиле незгодни прашања за неговото џихадистичко минато, не им било дозволено да влезат во Овалната соба, пренесуваат медиумите за неговата посета.
Сепак, според написите, една снимка го открива топлиот пречек што американскиот претседател Доналд Трамп му го упатил на Ахмад ал-Шара.
Trump sprays Syrian president and his delegation with his own perfume
“Come here… this is the best scent! You too — take some. And here’s a bottle for your wife! How many wives do you have?”
“Just one.”
“Only one? Well, with you guys, you never know!” pic.twitter.com/OMlimZX0Ug— NEXTA (@nexta_tv) November 12, 2025
„Ова е машки парфем“, рече Трамп додека го вадеше златното капаче од шишенцето со парфем и го испрска Ал-Шара.
„Ова е најдобриот парфем“, рече Трамп, забележувајќи дека има шишенце за сопругата, објавува Телеграф.
Потоа се пошегува: „Колку жени имаш? Една?“ Кога Шара се насмеа и потврди дека има само една сопруга, Трамп пријателски го потапка по раката и со насмевка рече: „Со вас, никогаш не знам.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.

