Свет
(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска
Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на снимањето кое требаше да го има со потпретседателот Мајк Пенс, велат извори запознати со настанот, пренесува Си-ен-ен.
Трамп неочекувано го напуштил интервјуто со водителката Лесли Стал, 45 минути по снимањето во Белата куќа, и не се вратил повторно. Рекол дека верува дека Си-би-ес има доволно материјал.
Претседателот подоцна ја обвини Стал дека не носи маска и објави кратко видео од неа без маска додека била во Белата куќа.
Lesley Stahl of 60 Minutes not wearing a mask in the White House after her interview with me. Much more to come. pic.twitter.com/0plZG6a4fH
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 20, 2020
Едно лице запознаено со ситуацијата изјави за Си-ен-ен дека видеото што претседателот го споделил на Твитер ја прикажува Стал со продуцентите непосредно откако Трамп го прекинал интервјуто, каде што таа сè уште не успеала да се врати по личните работи за повторно да ја стави маската. Тој нагласил дека водителката носела маска од моментот кога влегла во Белата куќа до почетокот на интервјуто.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторот од Калифорнија, Камала Харис, исто така, дадоа интервјуа за емисијата „60 минути“. Трамп и Пенс требаше да се појават заедно пред камерата, како и пред четири години, за време на прошетка и разговор, но претседателот не се врати на снимањето, тврдат изворите.
Набргу откако видеото на водителот без маска беше објавено на Твитер, Доналд Трамп напиша дека размислува порано да објави интервју за сите да видат за какво пристрасно новинарство станува збор.
I am pleased to inform you that, for the sake of accuracy in reporting, I am considering posting my interview with Lesley Stahl of 60 Minutes, PRIOR TO AIRTIME! This will be done so that everybody can get a glimpse of what a FAKE and BIASED interview is all about…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 20, 2020
„Сакам да ве известам дека, заради кредибилитет на известувањето, размислувам да го објавам моето интервју со Лесли Стал пред неговото емитување! Сакам да го сторам ова за сите да можат да видат за какво лажно и пристрасно интервју станува збор”, напиша американскиот претседател на Твитер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

