Свет
(Видео) Трамп и Меланија снимени во напнат дијалог: таа одмавнува со главата, тој го впери прстот
Камерите забележале наизглед напната расправија меѓу Доналд и Меланија Трамп додека со хеликоптерот се враќале во Белата куќа по посетата на Обединетите нации во Њујорк.
Снимката, објавена од „Скај њуз Арабија“, го прикажува претседателскиот пар како седат еден спроти друг додека хеликоптерот слетува на тревникот на Белата куќа. На видеото се гледа како 55-годишната Меланија одмавнува со глава и гестикулира кон својот 79-годишен сопруг, кој ѝ возвраќа со вперен прст кон неа.
@skynewsarabia جدال حاد بين ترامب وميلانيا داخل مروحيتهما #سوشال_سكاي ♬ original sound – SkyNewsArabia
Посетата на Њујорк беше обележана и со неколку непријатни моменти. Пред обраќањето на Трамп во седиштето на ОН подвижните скали на кои стоеле тој и Меланија ненадејно застанале.
This is insane…
As Trump arrived to the UN, the escalator stopped working the moment he stepped on it.
Then the teleprompter stopped working the moment he got up to the podium to speak. pic.twitter.com/XBTgfr6zJ8
— Geiger Capital (@Geiger_Capital) September 23, 2025
Конзервативните медиуми веднаш го нарекоа инцидентот саботажа, а Џеси Вотерс од „Фокс њуз“ дури предложи зградата на ОН да се урне. Портпаролот на ОН подоцна појасни дека камeрман од американската делегација случајно го активирал механизмот за стопирање.
Набргу потоа, додека се подготвувал за говор пред светските лидери, Трамп се соочил со дефект на телепромптерот (т.н. идиот – уред што прикажува текст, најчесто говори или скрипти, на екрани поставени пред говорникот или камерата), па морал да направи пауза од 15-ина секунди.
„Можам само да кажам дека оној што управува со ова е во големи проблеми“, изјавил Трамп.
Во интервју за „Фокс њуз“, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, се закани со последици:
„Ако откриеме дека вработени во ОН намерно се обиделе да му подметнат сопки – буквално да им подметнат сопки на претседателот и на првата дама на САД – тогаш подобро да одговараат за тоа. Јас лично ќе се погрижам“, изјави таа.
Својата порака ја повтори и на социјалните мрежи: „Ако некој во ОН намерно ги стопирал подвижните скали… треба веднаш да биде отпуштен и истражен“.
Левит потсети и на напис од „Тајмс оф Лондон“, во кој се наведува дека вработени во ОН се шегувале дека ќе ги исклучат скалите и ќе кажат „немаме пари“ алудирајќи на американското намалување на финансирањето за организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

