Свет
(Видео) Трамп се појави за првпат по изборите – им оддаде почит на паднатите борци

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска се појави во јавноста за првпат по изборите во земјата.
Како што беше најавено, тој присуствуваше на церемонијата по повод Денот на ветераните, придружуван од неговата сопруга Меланија и потпретседателот Мајк Пенс.
Трамп им оддаде почит на паднатите борци од Првата светска војна на гробиштата во Арлингтон.
Беше интонирана американската химна, а за време на церемонијата, на војниците им беше оддадена почит со почесна стрелба.
Според официјалното пребројување, Трамп ги загуби претседателските избори на 3 ноември, но тој и неговиот тим не сакаат да ја признаат победата на демократот Џо Бајден.
Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, денеска изјави дека гласовите во оваа сојузна држава ќе бидат пребројани откако вчера тоа го побарале адвокатите на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Еквадор е воведена вонредна состојба, немирите ескалираа на улиците

Еквадорскиот претседател, Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба во десет од 24 провинции во земјата поради внатрешни немири предизвикани од протестите на заедницата на староседелци поради зголемувањето на цените на дизелот, јавуваат денеска медиумите.
Како што се наведува во декретот на Нобоа, овие протести станале насилни, па вонредната состојба била воведена со цел да се избегне нивната понатамошна радикализација, пренесува агенцијата Ефе.
Тој додаде дека за време на насилните демонстрации, припадниците на полицијата и војската биле нападнати, а некои од нив биле киднапирани и физички малтретирани.
Нобоа забрани јавно собирање во десет провинции, додавајќи дека мирни протести ќе бидат дозволени доколку не ги загрозуваат правата и слободите на другите граѓани.
Меѓу причините за воведување на овие мерки, кои ќе важат 60 дена, тој ги наведува и неодамнешните изјави на претседателот на Националната конфедерација на староседелечки народи (CONAIE), Марлон Варгас, кој предупреди дека протестите може да ескалираат и да доведат до заземање на главниот град Кито, ако нивните барања не бидат уважени.
Свет
Хрватот кој беше уапсен поради летање дрон близу аеродромот во Франкфурт се соочува со казна до 50.000 евра

Германската полиција презеде мерки против 41-годишен хрватски државјанин поради управување со дрон во зона забранета за летови во близина на аеродромот во Франкфурт.
Портпаролот на полицијата во Франкфурт изјави за ДПА дека нема докази дека уапсениот маж е поврзан со Русија.
Човекот им рекол на полицајците дека „само сакал да го испроба својот нов дрон“.
Хрватскиот државјанин се гони за прекршок и се соочува со парична казна. Во Германија, летовите со беспилотни летала над чувствителни области како што се аеродроми, затвори или воени бази се строго забранети. Казните за нелегални летови се до 50.000 евра.
Уште посериозно, ако се утврди дека летот претставувал опасна интервенција во воздушниот сообраќај, сторителот се соочува со затворска казна од шест месеци до десет години.
Свет
Трамп: Хамас ќе се соочи со тотално уништување ако не се согласи со планот за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „тотално уништување“ ако одбие да ја предаде власта и контролата врз Газа.
„Тотално уништување!“ , рече Трамп за Си-Ен-Ен, кога го прашаа што ќе се случи со планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа ако Хамас инсистира да остане на власт.
На прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржува прекинувањето на бомбардирањето на Газа и пошироката визија за САД, Трамп за Си-Ен-Ен изјави: „Да, Биби е за“.
Американскиот лидер додаде дека наскоро ќе се знае дали Хамас е навистина посветен на мирот.
– Ќе дознаеме. Само времето ќе покаже – одговори Трамп.
Овде прочитајте што содржи планот на Трамп за прекин на војната во Газа составен од 20 точки.