Контакт

Свет

(Видео) Тројца повредени кога патник започнал да пука на аеродромот во Атланта

Објавено пред

Патник кој чекал да го помине контролниот пункт на главната безбедносна точка на аеродромот во Атланта од чантата посегнал по огненото оружје, а потоа пукал.

Ова предизвика хаос меѓу патниците и привремен прекин на летовите, пренесуваат американските медиуми

Мажот, кој подоцна беше идентификуван како осуден криминалец Кени Велс (42), побегнал со пиштол од контролен пункт, а потоа и од аеродромот, соопшти Управата за безбедност на воздушниот сообраќај, пренесуваат агенциите.

Полицијата подоцна соопшти дека издала налог за апсење на сторителите на инцидентот, а командантот на аеродромската полиција, мајор Реџиналд Мурман, рече дека Велс се бара под обвинение за носење и криење оружје на комерцијален аеродром, поседување огнено оружје од страна на осуден за криминал, употреба на огнено оружје и несовесно однесување.

Властите соопштија дека три лица се здобиле со полесни повреди, вклучително и едно лице кое паднало во фоајето на аеродромот далеку од контролниот пункт, а две се пожалиле на напад на паника.

Свет

(Видео) Пукање во Москва – две лица загинаа, а тројца се повредени

Објавено пред

Две лица загинаа, а тројца се повредени кога маж отвори оган врз државна институција за издавање документи.

Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека напаѓачот е фатен.

„Сочувство до семејствата на жртвите. Лекарите прават сѐ што може за да им помогнат на ранетите“, рече тој.

Локалниот весник РБК јавува дека напаѓачот е 45-годишен жител на Москва.

Агенцијата ТАСС наведува дека пукањето се случило по расправија за носење заштитна маска.

„Посетителот го извадил оружјето и почнал да пука. Во тој момент никој од вработените немал време да го притисне копчето за аларм“, објави агенцијата повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Полицијата соопшти дека загинале еден вработен и еден клиент, а меѓу ранетите има и 10-годишно девојче.

Напаѓачот е приведен во полиција.

Прикажи повеќе...

Свет

Болница во Бостон отпушти 200 невакцинирани работници

Објавено пред

Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс добија отказ бидејќи не се вакцинирале против коронавирусот во одреден временски период.

Вработените во болницата во Бостон имале рок до 1 ноември за целосна вакцинација против Ковид-19, јавуваат агенциите.

Од раководството на болницата изјавиле дека чекале уште еден месец и на крајот ги раскинале договорите со персоналот кој не бил вакциниран.

„Вакцинирани се 98 отсто од персоналот во болницата, а со тие два отсто што дадоа отпор ја прекинавме соработката“, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека приоритет на болницата е да ги заштити персоналот и пациентите и дека отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.

Во таа болница во Бостон работат околу 15.000 луѓе.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија излегува од карантин, но за невакцинираните останува во сила

Објавено пред

Невакцинираните ќе останат во заклучување кога ќе заврши општото затворање во Австрија в недела, потврди денеска новиот канцелар Карл Нехамер, ден по преземањето на функцијата.

Австрија воведе општо двонеделно затворање за да го спречи силното ширење на коронавирусот, па рестораните, баровите, театрите, музеите и продавниците што не продаваат основни потреби се затворени. Хотелите се затворени за туристи.

Нехамер на прес-конференција рече дека прашањето не е дали двонеделното заклучување ќе заврши в недела, туку на кој начин ќе заврши, а разговорите за тоа се закажани за среда.

Една недела пред општото затворање луѓето што не биле целосно вакцинирани против коронавирусот морало да бидат заклучени и да не им се дозволи пристап до речиси истите места што сега се затворени и можеле да ја напуштат куќата само од неколку причини, како одење на работа.

„Заклучувањето за невакцинираните останува во сила“, рече Нехамер.

Но, деталите допрва треба да се утврдат в среда на состанокот на владата и влијателните гувернери на девет австриски покраини.

„За сите невакцинирани погодени од фактот дека се во карантин, постои јасна понуда: можете да излезете ако ја искористите можноста да се вакцинирате“, рече Нехамер додавајќи дека целта е да се охрабрат што е можно повеќе луѓе да ја примат првата доза од вакцината.

Запрашан дали рестораните и хотелите ќе се отворат за викендот, Нехамер рече дека тоа е веќе договорено со гувернерите на провинциите и дека ќе се обиде да ги отвори бизнисите колку што е можно побргу.

Сега се поставува прашањето какви безбедносни мерки и ограничувања треба да се донесат, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија4 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија4 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија5 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа5 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија5 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет6 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет7 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет8 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет8 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ20 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион21 час

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет21 час

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион21 час

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија22 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија1 ден

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија1 ден

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Досие