Свет
(Видео) Трудо испраќа здравствени работници да му помогнат на Торонто во борбата со коронавирусот
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека ќе испрати сојузни здравствени работници да им помогнат на Торонто и провинцијата Онтарио во борбата со третиот бран на пандемијата на коронавирусот, што доведе до затворање на училиштата и претпријатијата.
„Мобилизираме сојузни здравствени работници од сите владини оддели да се распоредат во првите линии на фронтот во Онтарио, а особено во пошироката област на Торонто, каде што ситуацијата е најкритична“, рече Трудо во видеото објавено на „Твитер“.
From mobilizing health care workers, to boosting rapid testing, to coordinating with provinces and territories, we’re putting everything on the table to keep you safe as we fight this third wave. Watch my update for more on how we’re helping protect Ontarians and all Canadians: pic.twitter.com/iAXWQW5vHQ
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) April 18, 2021
Другите провинции, особено на брегот на Атлантикот, работат да утврдат какви човечки ресурси и опрема можат да ослободат во наредните денови, рече Трудо, додавајќи дека сојузната влада ќе ги покрие трошоците за таа помош, пренесува „Ројтерс“.
Владата исто така ќе се обиде да го засили брзото тестирање, особено за клучните работници, рече Трудо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

