Контакт

Свет

(Видео) Уапсеното лице во Лондон не соработува со полицијата

Објавено пред

Лондон, парламент

Човекот кој со својот автомобил влета во безбедносната ограда пред британскиот Парламент и повреди неколку пешаци, не сака да соработува со британската полиција, соопштуваат оттаму.

Од полицијата додаваат дека истрагата што ја водат за случајот засега ја третираат како терористички чин. Во последниве 18 месеци ова е втор напад на британскиот Парламент.

Дел од медиумите веќе го објавија и видеото на кое се гледа апсењето на осомничениот.

Уапсеното момче, како што пренесуваат медиумите, е на возраст од околу дваесет години. Тој, како што објавуваат медиумите повикувајќи се на информации од полицијата, како и сведоштва на очевидци, во автомобилот за време на нападот бил сам, а до оваа фаза од истрагата не било пронајдено друго оружје во автомобилот.

Истрагата беше преземена од антитерористичката единица на Скотланд јард.

Според сведоците, автомобилот намерно удрил во група луѓе, а потоа удрил и во безбедносната ограда пред британскиот Парламент.

Британската премиерка, Тереза ​​Меј, која е на годишен одмор, исто како и останатите членови на парламентот, посочи дека нејзините мисли се насочени кон повредените.

Регион

Реконструкција во хрватската Влада

Објавено пред

Од Владата на Хрватска си заминуваат министерката за регионален развој и фондови на Европската Унија, Габриела Жалац, министерот за земјоделство, Томислав Толушиќ, и министерката за социјална политика, Нада Мурганиќ, соопштeно е по денешниот состанок во ХДЗ.

Сменетите министри веќе го напуштиле седиштето на партијата, јави „Индекс.хр“.

Премиерот Андреј Пленковиќ во моментов има средба со претставници на коалициските партнери.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Брисел е загрижен за мигрантите во БиХ

Објавено пред

Европската комисија е загрижена поради тоа што Босна и Херцеговина не предложила локација и капацитети за престој на мигрантите и бегалците, и покрај тоа што ЕК била подготвена да обезбеди финансиска поддршка, соопштија од институцијата по состанокот со властите во БиХ.

Како што се наведува, од БиХ било побарано без понатамошно доцнење да обезбеди соодветни локации за таа намена, пренесе „Танјуг“.

Европската комисија потсети дека од 2018 година ѝ пружила помош на Босна за прифатни центри во износ од 24 милиони евра и ги повикала надлежните да направат сè за да го подобрат функционирањето на расположливите прифатни центри, а мигрантите и бегалците итно да бидат префрлени од несоодветниот прифатен центар „Вучјак“.

Според европските податоци, од јануари минатата година во БиХ влегле речиси 36.000 бегалци и мигранти, а моментално во земјата престојуваат околу 7.400, од кои 4.100 се сместени во центри финансирани од Европската Унија.

Од 2007 година до денес ЕУ за миграциите и менаџментот на границата низ инструментална пристапна помош, на БиХ ѝ пружила помош во вредност од 48,6 милиони евра.

 

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО ја прогласи епидемијата на ебола во Конго за глобална здравствена закана

Објавено пред

Светската здравствена организација СЗО соопшти дека епидемијата на ебола во Конго е прогласена за глобална здравствена закана бидејќи смртоносниот вирус неделава се проширил врз град со два милиони жители.

Одборот од експерти на СЗО одби во три претходни наврати да го предложи прогласувањето на еболата за глобална здравствена закана, иако други експерти тврдат дека за тоа уште одамна имало услови, па реакцијата е задоцнета.

Неделава првиот случај на ебола беше потврден во Гомa, голема регионална крстосница на границата помеѓу Конго и Руанда со меѓународен аеродром. Експертите со месеци стравуваа од ваков развој на настаните.

Прогласувањето на епидемијата за глобална здравствена закана ќе предизвика големо меѓународно внимание и помош.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 часа

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија9 часа

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија9 часа

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија15 часа

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија15 часа

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа16 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија16 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет16 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ17 часа

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет17 часа

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет17 часа

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет18 часа

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа18 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет18 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија1 ден

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион1 ден

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет1 ден

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија1 ден

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа1 ден

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Досие