Контакт

Европа

(Видео) Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Објавено пред

Во цела Франција синдикатите почнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е да се принуди францускиот претседател, Емануел Макрон, да ја повлече најавената реформа на пензискиот систем.

Полицијата за разбивање на протестите пукаше со солзавец кон маскираните демонстранти, кои кон припадниците на органите на редот фрлаа со разни предмети.

Во Лион и Марсеј на улиците изегоа илјадници демонстранти, кои носеа транспаренти со натпис „Макрон се изгуби“ и „Не допирајте ги нашите пензии“, пренесува „Ројтерс“.

Во Монпелје во поворката учествуваа стотици адвокати во одори и негуватели во болничарски униформи, како и десетици „жолти елеци“.

Вкупно, речиси 285.000 лица денеска демонстрираат во 40-ина града во Франција, но оваа привремена процена не ги зема предвид демонстрациите во Лион и Париз, каде што поворката почна околу 15.15 часот.

Како резултат на штрајкот, сообраќајот во градовите е парализиран, без железнички, ниту метро-сообраќај, а на францускиот аеродром „Орли“ сообраќајот е намален 20 проценти.

Во пресрет на демонстрациите милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест поради тоа што ќе бидат принудени да се пензионираат подоцна или ќе се соочат со намалени пензии.

Европа

Во Италија 66 лекари починаа од коронавирус

Објавено пред

Уште пет лекари починаа во Италија од коронавирус, соопшти денеска италијанската федерација на лекари.

Со ова бројот на починати лекари од почетокот на епидемијата се искачи на 66.

Си-ен-ен јави дека се заразени 8.956 здравствени работници во целата држава.

Според податоците објавени денес, повеќе од 500 италијански лекари се разболеле во последните неколку дена.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Со едноминутно молчење и знамиња на половина копја Италија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот

Објавено пред

Италија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот со едноминутно молчење и знамиња на половина копје и им се заблагодари на медицинскиот и другиот персонал кои се борат против пандемијата во земјата, која е најтешко погодена од Ковид-19.

На римскиот Капитол, градоначалничката на италијанската престолнина, Вирџинија Раги, која носеше тробојна шамија во боите на италијанското знаме, зборуваше за раната на целата земја.

„Ќе излеземе од тоа заедно“, вети таа.

„Ова е наш начин, да се потсетиме на жртвите и да им оддадеме почит на посветеноста и ангажманот на медицинскиот персонал“, се вели во изјавата за градоначалникот на Бари, Антонио Декаро.

Иницијативата беше поведена од претседателот на округот Бергамо, Џанфранко Гафорели, еден од најпогодените од пандемијата на коронавирусот, со кој се заразија повеќе од 100.000 луѓе во Италија, а починаа речиси 11.600.

Во знак на солидарност со Италија, Ватикан исто така стави знамиња на половина копја за да ја покаже својата блискост со жртвите на пандемијата во Италија и во светот, со нивните семејства и оние што великодушно се борат да го прекинат тоа, се вели во соопштението на Ватикан.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција ќе побара мораториум за отплаќање на долговите на најсиромашните земји

Објавено пред

Франција ќе бара мораториум за отплаќањето на долговите на најсиромашните земји како дел од пакет-мерките за помош во борбата против кризата предизвикана од коронавирусот, најави францускиот министер за финансии.

Бруно Ле Мер рече дека ќе повика на обемна и директна помош за земјите во развој за време на разговорите меѓу министрите за финансии од Групата 20 економски сили.

Ле Мер рече дека ќе предложи зголемување на посебните права за повлекување од Меѓународниот монетарен фонд и ќе предложи отворање посебна кредитна линија.

„Исто така, ќе апелираме на мораториум за долговите на земјите со најголем ризик“, им рече Ле Мер на новинарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија10 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија10 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија11 час

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија11 час

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија13 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија13 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет13 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија14 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет15 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет18 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија18 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет19 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет19 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет19 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија20 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија1 ден

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија1 ден

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија1 ден

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија1 ден

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Досие