Свет
(Видео) Хамас објави видео од нападот врз израелската армија: „Користат украински тактики“
На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како беспилотно лета високо над населбата Беит Ханун во разурнатиот север на Газа по повторените израелски воздушни напади.
Застрашувачките снимки од фрлената бомба од беспилотно летало укажуваат на тоа дека Хамас презема тактики што широко се користат во војната во Украина, пренесуваат светските медиуми.
JUST IN🚨 Al-Qassam Brigades use drone to drop grenade on an Israeli militants force east of Beit Hanoun! Direct hit to about 5 militants!pic.twitter.com/diNYda1gtq
— Syrian Girl 🇸🇾🎗 (@Partisangirl) November 1, 2023
Експлозијата се случува на само неколку метри од група израелски војници. Повеќето војници скокнале на нозе и побегнале, а изгледа дека некои останале да лежат, но нивната судбина не е позната, пренесува „Телеграф“.
Видеото објавено на социјалните мрежи од страна на военото крило на Хамас не може да биде независно потврдено, пренесува медиумот, но сугерира дека терористичката група прифаќа тактика широко видена во војната во Украина, „каде што употребата на приспособени комерцијални дронови за напад на непријателот стана рутина“.
Хамас првпат ја примени оваа стратегија со разурнувачки ефект на 7 октомври кога го почна својот ненадеен напад врз Израел.
Од самиот почеток на нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година Русија распореди комерцијални беспилотни летала со експлозивни направи, стратегија што бргу ја усвои Украина, која сега се бори да изгради што е можно повеќе беспилотни летала за да изврши извидување и да ги нападне непријателските војници.
Новите снимки од Газа сугерираат дека Хамас можеби ја научил оваа лекција, иако експертите посочуваат дека бројот и обемот на употреба на беспилотни летала на Блискиот Исток не се ни приближно до она што се случува во војната во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

