Контакт

Европа

(Видео) Црвена вода во фонтаните во Лондон во знак на протест

Објавено пред

Во Лондон се уапсени две лица по истурањето црвена вода во градските фонтани на плоштадот Трафалгар во знак на протест.

Нивната цел е да ја повикаат британската влада да спречи нови пандемии со експлоатација на животните, пренесе „Гардијан“.

Зад протестот стои групата „Бунтовници за животни“, кои велат дека вистинската причина за кризата предизвикана од Ковид-19 е злоупотребата на животните.

Демонстрантите сметаат дека треба да се заштити животот на секое животно бидејќи ризикот од појава на пандемии во иднина би се зголемил.

Европа

Во Прага бројот на ноќевања опаднал 95 отсто

Објавено пред

Во последниот квартал од оваа година Прага забележа досега невиден пад на бројот на ноќевања од дури 95 проценти. Според најновата статистика, бројот на ноќевања во Прага е 94,9 проценти помал во однос на истиот период лани, а причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.

На државно ниво ситуацијата е само малку подобра, така што бројот на ноќевања е намален 82,9 процента. Чешката влада на премиерот Андреј Бабис ги затвори границите за странските туристи од средината на март до почетокот на јуни за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Историскиот центар на Прага е на листата на светското наследство на УНЕСКО од 1992 година и привлекува околу осум милиони туристи годишно, претежно странци. Меѓу другото, градот е познат по пабовите и знаменитостите, како што се замокот во Прага и Карлов мост.

Прикажи повеќе...

Европа

Европската агенција за инфективни болести ги повика земјите да спроведуваат масовно тестирање

Објавено пред

Европската агенција за инфективни болести (ECDC) ги повика државите да продолжат да применуваат соодветни мерки за социјална дистанца и хигиена и да ги тестираат, бараат и следат случаите на инфекција за да ја запрат пандемијата на коронавирусот.

„За земјите што ги применуваат овие мерки, ризикот е умерен, но ризикот од ескалација е многу голем во земји што не применуваат или не спроведуваат мерки, како што се физичко растојание или следење на контактите на заразените лица“, рече Мајк Кечпол, водечки научник во Европскиот центар за превенција и контрола нa болести (ECDC).

Тој посочува дека е клучно да се потсетуваат луѓето дека вирусот продолжува да циркулира во заедниците и дека може да ја намалат можната изложеност на вирусот со придржување кон пропишаните мерки.

ECDC забележува дека многу земји исто така тестираат случаи со благи симптоми и асимптоматски случаи, што резултира со зголемување на бројот на пријавени случаи.

Исто така, агенцијата предупредува за продолжување на значителниот раст на заболените во земји каде што мерките за физичко растојание не се применуваат.

Агенцијата препорачува масовно тестирање за да се контролира трансмисијата на вирусот кај населението, брзо откривање на контактите на заразените лица и изолација и третман на утврдени случаи и карантин.

Прикажи повеќе...

Европа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Објавено пред

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници што пристигнале од Скопје биле позитивни на тестовите за Kовид-19, објави Ројтерс.

Доброволното тестирање било организирано во саботата на аеродромот во југозападниот фински град Турку за сите патници што пристигнале со авионот од Скопје, откако властите заклучиле дека летовите од Македонија и од Букурешт во Романија се два главни извори на новите инфекции со коронавирус во Финска, им рече на новинарите министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Кијуру.

„Епидемијата ја има на Балканот“, рече Кијуру осврнувајќи се на неодамнешното скромно покачување на инфекциите во Финска.

Задолжителниот двонеделен карантин и тестовите за коронавирус по случаен избор по пристигнувањето во Финска ќе се применуваат за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последниот 14-дневен период.Во моментов, правилото важи за повеќето земји, со исклучок на 25 земји како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка, каде што бројот на заразени останува низок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Над 8.000 лица досега оздравеле во Македонија од коронавирус

Вкупно 8.087 лица се водат како оздравени од коронавирус во земјава, од почетокот на пандемијата. Според податоците, само вчера беа регистрирани...

Свет1 час

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 час

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ2 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет3 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет3 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет4 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет4 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет4 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа4 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет15 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет16 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија17 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет18 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија19 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет19 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет20 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет21 час

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија22 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија23 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Досие