Европа
(Видео) Шведски дипломат апелирал да не се патува, а самиот го поминал Божик на Канарите

Дан Елијасон, шефот на шведската агенција за итни случаи, се соочува со остри критики бидејќи отпатувал на Канарските Острови за божикните празници.
Претходно, во декември, Елиjасон побара сите Швеѓани да избегнуваат патувања, а самиот беше фотографиран на аеродромот во Лас Палмас на Големите Канари.
Подоцна, тој се бранеше тврдејќи дека патувањето било неопходно од семејни причини бидејќи неговата ќерка живее на Канарските Острови, објави Би-би-си.
„Го прославив Божик со неа и нејзиното семејство“, изјави Дан Елијасон за весникот „Експрес“.
Од почетокот на пандемијата се потврдени околу 437.000 случаи на заразени од Ковид-19 и 8.700 починати во Шведска, многу повеќе отколку во другите скандинавски земји, но во Шведска досега не е воведено целосно затворање на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија

Четворица планинари веќе три дена се водат како исчезнати во планинскиот венец Абруцо, недалеку од Рим.
Најверојатно, биле однесени или убиени од лавина, соопшти денеска италијанската служба за спасување.
Четворицата планинари од градот Авецано исчезнале додека се возеле по снег и мраз на планината Велино во неделата, објави агенцијата АНСА.
Напорите за нивно спасување се запрени поради обилниот снег што денеска паднал во таа област, па дури и специјално обучените кучиња имале проблеми во портагата, се додава во веста од италијанската агенција.
Спасувачките екипи исто така се соочуваат со ризик да бидат однесени од лавина.
Европа
Германската полиција уапсила крадец, испаднало дека им бил колега

Германската полиција во Берлин уапсила 30-годишен колега од Бамберг, кој е осомничен за неколку кражби, пренесува „Б92“.
Уапсениот полицаец веќе подолго време бил на боледување, соопштила полицијата.
Тој е осомничен дека заедно со еден соучесник, кој исто така е уапсен, извршил повеќе злосторства во Баварија.
Наводно, на 14 јануари во Бамберг тој насилно украл скап мобилен телефон од една жена, што потоа преку интернет го понудил на продажба.
Истата вечер тие украле автомобил од една личност во Швајнфурт.
Следниот ден со тоа возило влетале во излогот на една златарница во Бамберг и украле накит вреден повеќе од 100.000 евра.
Европа
Исланд почна да издава потврди за вакцинација со цел да се олесни патувањето

Исланд почна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние што се заштитиле од Ковид-19, соопштија денеска тамошните власти.
Речиси 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле по две дози од вакцината против Ковид-19 и добиле потврда на платформата достапна на интернет од минатиот четврток, изјави исландската министерка за здравство за „Франс прес“.
Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите иако исландскиот сертификат во моментот важи само за патувања во таа островска држава.
Исланд планира да прима граѓани на земјите од ЕУ кои ќе почнат сличен механизам или ќе го преземат механизмот што би бил воспоставен од Светската здравствена организација (СЗО).
Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во шенген-зоната за слободно движење, што е ограничена со мерките за борба против коронавирусот.
Расправата за т.н. ковид-пасоши, што ќе го олеснат патувањето, во моментот е тема на дебата во рамките на ЕУ, но прашањето е далеку од консензус.
Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на својот туристички сектор, но од друга страна, Франција и Германија сметаат дека е прерано за ваква дебата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот