Свет
(Видео) Швеѓаните излегоа на улица против владините ковид мерки

Хаос на протестите во Стокхолм. Шведската полиција се обидува да ги растера демонстрантите кои се собраа против забраните воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, кои организираа протест во главниот град на Шведска. Протестот беше организиран и покрај забраната за големи собири.
Полицијата го блокираше мостот во центарот на градот и на нејзината веб-страница пишува дека води дијалог со организаторите за да ги убеди демонстрантите да се разотидат, пишува „Ројтерс“.
Како што пренесуваат тамошни медиуми, еден полицаец е полесно повреден и пренесен во болница.
Според шведскиот дневен весник „Дагенс Нихетер“, демонстрантите пристигнале од повеќе делови на земјата каде што е во сила забрана за јавни собири на повеќе од осум лица.
Шведска, која има 10 милиони жители, во петокот регистрираше 4.831 нов случај на коронавирус и 26 нови смртни случаи, вкупно 13.003 смртни случаи од Ковид-19.
Владата минатиот месец објави дека ќе го скрати работното време на рестораните, баровите и кафулињата и ќе ги засили ограничувањата на бројот на луѓе дозволени во продавниците, во обид да се избегне трет бран на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шведска: Наместо „Астразенека“, друга вакцина како втора доза

Швеѓаните помлади од 65 години, кои примиле една доза на вакцината против коронавирус од „Астразенека“, како втора доза ќе примат вакцина од друг прозиводител, објави денеска Шведската здравствена агенција.
„На лицата под 65-годишна возраст, кои веќе примиле доза од ‘ваксзеврија’ (што е новото име на вакцината oд ‘Астразенека’), треба да им се понуди втора доза од друга таканаречена mRNA вакцина како што е онаа на ‘Фајзер’ / ‘Бионтек’ или ‘Модерна’“, посочи здравствената агенција во соопштението, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Свет
Фатах ги интензивира напорите за одложување на изборите стравувајќи од победа на Хамас

Член на Централниот комитет на Фатах врши притисок врз палестинските затвореници во израелските затвори да повикаат на одложување на претстојните избори, ако Израел го забрани движењето во Ерусалим, пренесува „Мидл ист монитор“.
Новинската агенција „Сама“ пишува дека извори блиски до затворениот лидер на Фатах, Марван Баргути, откриле дека се вршат притисоци врз затворениците за изборите да бидат во мирување како резултат на националната криза.
Изворите велат дека голем број затвореници од Фатах одбиле да ја поддржат изјавата, по што се соочиле со закани, особено по неколку анкети кои предвидуват дека Хамас ќе освои мнозинство во парламентот.
Весникот исто така пишува дека Палестинската самоуправа во Рамалах работи на убедување на арапските држави, ЕУ и САД да ги прифатат нивните напори за одложување на изборите бидејќи тие не можат да продолжат ако Израел не дозволи да учествуваат Палестинците во Ерусалим.
Според истите извори, Вашингтон сè уште нема донесено одлука за ова прашање, но американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно му порача на израелскиот министер за надворешни работи, Габи Ашкенази, дека САД нема да заземе никаква позиција што му штети на Тел Авив.
Израелскиот портал за вести „Вала“ објави дека американската администрација е загрижена дека Хамас ќе победи на изборите.
Весникот додава дека претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, го испратил својот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, во Европа за да нагласи дека Ерусалим „е црвената линија“ и нема да се одржат избори без него.
Ова, додал тој, ќе овозможи изборите да се одложат без Палестинската самоуправа да биде обвинета за одлуката.
Регион
Од утре граѓаните на Србија се вакцинираат без закажување

Од утре во цела Србија вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ е можна без закажување.
Според најавите, од среда во Белград и Нови Сад и од четврток и петок во цела Србија истото ќе биде можно и со вакцината „спутник В“.
Локалните самоуправи ќе бидат вклучени во акцијата со цел да ги повикаат граѓаните на вакцинација.
Вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ без закажана средба ќе биде можна за домашните државјани и за странците со постојан престој, но не и со регистрација на живеење од неколку дена. Исто така, странците што живеат во Србија ќе можат да се вакцинираат без закажан термин, но не и оние кои дошле само да се вакцинираат.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?