Свет
(Видео) Шолц се смееше на новинарско прашање за Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц пукна од смеење на прашањето како членовите на групата Г7 планираат да гарантираат безбедност по завршувањето на руско-украинскиот конфликт.
„Постои ветување за безбедносни гаранции од Г7 за Украина по војната. Можете ли да ги прецизирате?“, е прашањето на новинарот до германскиот канцелар, кој побара од Шолц повеќе детали за безбедносните гаранции што може да ги очекува Киев.
Германскиот канцелар потоа се насмеа. Следуваше долга драматична пауза, во која новинарите очекуваа одговор од германски функционер.
Наместо тоа, Шолц одговори: „Тоа би било сè“.
Journalist: G7 promised Ukraine security guarantees after the war. Could you specify them? German Chancellor Scholz: Yes (laughs I could. @Bundeskanzler pic.twitter.com/q57BXwdBr8
— Liliia Arkusha (@LiliiaArkusha) June 29, 2022
Ставот на самитот на Г7 беше наведен во завршната изјава, што ја покажува решеноста на водечките западни земји да понудат „одржливи безбедносни обврски за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани и да ја обезбеди својата слободна и демократска иднина“, пренесува RT.
Документот беше објавен во вторникот откога украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на лидерите на Г7 преку видеоврска. Тој ги повтори барањата на Киев да воведе повеќе санкции кон Русија. Според извори блиски до европските државници, тој побарал повеќе системи за противвоздушна одбрана.
Зеленски додаде дека сака непријателствата со Русија да завршат со победа на неговата нација пред крајот на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

