Свет
(Видео) Џеј Ди Венс постави ултиматум: се заканува дека ќе ги повлече американските трупи од Германија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера сугерираше дека администрацијата на Доналд Трамп би можела да го преиспита своето воено присуство во Германија, поврзувајќи ги континуираните одбранбени обврски на САД со ставот на Берлин за слободата на говорот, пишува Политико.
Говорејќи на Конференцијата за политичко дејствување во Вашингтон, Венс директно ја нападна Германија за, како што тврди, нејзиното справување со ограничувањата на слободата на говорот на интернет, предупредувајќи дека американската јавност нема да го поддржи финансирањето на одбраната на земјата додека нејзината влада врши репресии врз политичкото изразување.
🚨 JD VANCE just dropped an absolute truth nuke.
“Germany's entire defense is subsidized by the American taxpayer. There are thousands upon thousands of American troops in Germany today.”
“Do you think that the American taxpayer is gonna stand for that if you get thrown in jail… pic.twitter.com/Uxv9ypTXuv
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) February 20, 2025
„Размислете за ова“, започна Венс. „Целата одбрана на Германија е субвенционирана од американските даночни обврзници. Денеска во Германија има илјадници и илјадници американски војници. Дали мислите дека американските даночни обврзници ќе го поддржат тоа ако ве затворат во Германија поради злобен твит? Се разбира дека не“.
Неговите коментари, кои предизвикаа силен аплауз од публиката, се продолжение на острите ескалации во пристапот на администрацијата на Доналд Трамп кон трансатлантските односи, пишува Политико. Коментарите доаѓаат по жестокиот говор што Венс го одржа претходно овој месец на Минхенската безбедносна конференција, каде што ги критикуваше европските лидери за нивната миграциска политика и наводната политичка цензура.
Говорот на Венс во Минхен предизвика остри реакции низ европскиот политички спектар, бидејќи тој ги обвини западните лидери за поткопување на демократските вредности преку масовна миграција и потиснување на слободата на говорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп објави: Непријателствата се решени

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени откога ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.
Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави „Ројтерс“.
Соседните нуклеарни земји го завршија конфликтот, кој траеше од 7 до 10 мај, кога се согласија на прекин на огнот по дипломатски разговори и притисок од САД.
Како што е најавено, денес во текот на денот Трамп ќе отпатува во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на последниот дел од неговата турнеја на Блискиот Исток, која трае од 13 до 16 мај.
Свет
(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, а во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да почнат преговорите.
Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.
Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.
Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.
Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.
Американскиот претседател моментно е на турнеја на Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.
Регион
Конститутивната седница на собранието на Косово одложена 16. пат

Конститутивната седница на собранието на Косово денес беше одложена шеснаесетти пат откога повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на собранието.
55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање комисија, која ќе го надгледува тајното гласање.
Седницата е закажана да продолжи в сабота, 17 мај, во 10.30 часот.
Самоопределување исто така побара тајно гласање за претседател на собранието на последните шест седници, но опозициските Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, како и Српската листа, се против тоа одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.
Кандидат на Самоопределување за претседател на собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, а за избор на претседател на собранието се потребни 61 глас.
Поради неможноста за конституирање на собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.
Конститутивната седница почна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.
Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово – 24, Демократската лига на Косово – 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата „Нисма“ – 8, Српската листа – 9, Партијата за слобода, правда и опстанок – 1, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.