Свет
Вилијам за одлуката на Хари: Цел живот го поддржував, не можам повеќе
Војводата од Кембриџ зборуваше за својата тага по објавата на неговито брат за повлекувањето од кралското семејство. Исто така изрази жалење што кралското семејство повеќе не е тим, пренесе „Сандеј тајмс“.
„Цел живот го поддржвав брат ми, но веќе не можам. Ние сега сме два одвоени света. Тажен сум поради тоа. И се што можеме да направиме, се што можам да направам, е тоа да ги подржиме и да се надеваме дека ќе дојде денот кога повторно исто ќе мислиме. Сакам сите да бидеме во една екипа“ му кажал Вилијам на еден свој пријател.
Британското кралско семејство утре ќе се состане за да ја разгледа натамошната иднина на војводата и војводката од Сасекс, откако двојката во средата соопшти дека ќе се повлече од должноста на „виши“ членови на кралското семејство и ќе стане финансиски независна, пишува британскиот весник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

