Контакт

Европа

Виролозите со предлог како во иднина да се спречат пандемии

Објавено пред

Во екот на пандемијата на коронавирусот што го разори светот сè повеќе и повеќе научници бараат воспоставување глобален систем за рано предупредување за вируси од животни што може да се прошират и кај луѓето.

Раното откривање на потенцијално опасен вирус би можело да спречи појава на слични пандемии во иднина, според Стефан Лудвиг, директор на Институтот за молекуларна вирологија на Универзитетот во Минстер, во видео што денеска го објави неговиот универзитет.

Важно е да се следат клучните нови случувања, како што е ситуацијата на пазарите за живи и диви животни во Азија, од каде што се верува дека вирусот Сарс-КоВ-2 преминал од животни на луѓе.

„Ако се открие зголемен број инфекции при рутинска инспекција на пазарите на живи животни, веднаш треба да се вклучат сопирачките за да се запре брзото ширење на вирусот“, вели Лудвиг. Тој верува дека системот за рано предупредување би можел да го почне Светската здравствена организација или Обединетите нации.

Сличен повик кон средината на јули беше упатен од научниците во престижното списание „Сајнс“. Тие ја истакнаа потребата да се почне со систем за рано предупредување за појава на животински вируси и нивно потенцијално ширење меѓу луѓето.

Одредени животински видови може да бидат систематски тестирани за голем број вируси, како, на пример, тестирање за разни коронавируси на пазарите за животни и на фарми за животни.

Експертите од Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) и Меѓународниот институт за истражување на сточарството (ИЛРИ) претходно предупредуваа дека животинските болести сè повеќе ќе се пренесуваат на луѓето како резултат на зголеменото уништување на животинските видови и нивните екосистеми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Австриец уапсен, со убиство му се заканувал на австрискиот канцелар

Објавено пред

Австриец (41) од околината на Грац беше уапсен откако му се заканил на австрискиот канцелар Себастијан Курц со убиство.

Тој исто така се заканил дека ќе го разнесе во воздух дворецот Хофбург, кој е седиште на владата и претседателот на државата, пренесуваат тамошните медиуми.

Уапсеното лице испратило закани преку својот Фејсбук профил, а бидејќи и е познат на полицијата, заканата била сфатена многу сериозно, па затоа било наредено апсење, објави полицијата.

Имено, полицијата во неговата општина не можеше, поради претходни настани, да ја исклучи можноста дека тој може да се обиде да ја изврши заканата, и поради тоа државното обвинителство издаде налог за апсење, велат од полицијата.

Засега не се познати мотивите за заканите.

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лаен: Унгарскиот закон за ЛГБТ-срамен и спротивен на вредностите на ЕУ

Објавено пред

Унгарскиот закон што забранува „промоција“ на хомосексуалноста кај малолетници е „срамен“ и претставува текст што е во спротивност со основните вредности на ЕУ, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Брисел ќе испрати писмо до Будимпешта за да ја изрази својата загриженост пред стапувањето во сила на законот со кој се дискриминираат лицата според нивната сексуална ориентација, рече фон дер Лаен.

Во изјавата потпишана од 14 земји-членки се повикува Европската комисија да постапи спротивно на законот.

Во средината на јуни, унгарскиот парламент донесе закон со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста кај малолетници. Законот беше изгласан со 157 гласа, вклучително и од членови на владејачката партија Фидеш. Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен Јобик, екстремно десничарско движење кое гласаше за законот.

Прикажи повеќе...

Европа

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Објавено пред

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите на виножито за време на денешниот меч меѓу Германија и Унгарија, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја откажа планираната посета на настанот.

„Дали стадион во Минхен или некој друг стадион во Европа ќе светне во боите на виножитото, не е одлука што е во рацете на државата“, рече Орбан.

Тој додаде дека и во Будимпешта знамињата во боја на виножито се дел од уличниот колирит и дека тоа е разбирливо.

Во изјава за германската новинска агенција (ДПА), Орбан истакна дека хомосексуалците во Унгарија денеска, за разлика од времето на комунизмот, уживаат заштита од државата.

Според германските медиуми, Орбан вечерва ќе отпатува за Брисел наместо планираната посета на мечот од Европското фудбалско првенство меѓу Германија и Унгарија во Минхен.

Претходно, неколку германски политичари, вклучително и баварскиот премиер, Маркус Содер (Христијанско-социјалната унија – ЦСУ) и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер (Социјалдемократска партија на Германија – СПД), ја критикуваа одлуката на УЕФА да го одбие предлогот на Минхен за осветлување на „Алијанц Арената“, на која ќе се игра натпреварот, во боите на виножитото.

УЕФА ја посочи својата политичка и религиозна неутралност и заклучи дека акцијата во Минхен е планирана како политичка акција во знак на протест против конкретната одлука на унгарскиот парламент каде неодамна беше усвоен закон, кој многу критичари го оценуваат како хомофобичен.

Според нив, законот има за цел да го скрати правото на младите да бидат информирани за хомосексуалноста и транссексуалноста.

Содер ја опиша одлуката на УЕФА како разочарувачка и несоодветна.

„Овде се работи за слобода против дискриминацијата. Знамето на виножитото во овој контекст се залага за слобода и модерна демократија“, рече Содер за јавниот сервис БР.

Градоначалникот на Минхен, Рајтер, објави дека вечерва од Минхен, и покрај забраната на УЕФА, ќе се испратат сигнали во насока на Унгарија и остатокот од светот.

Тој најави поставување знамиња во боја на виножито на Градското собрание во Минхен, а се планира да се осветли и една ветерница за електрична енергија, која се наоѓа во непосредна близина на стадионот.

Акции на стадионот и околу него најавија и ЛГБТ здруженија од Минхен, кои очекуваат многу гледачи на стадионот да понесат со себе знамиња во боја на виножитото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија2 часа

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа2 часа

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија2 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија3 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет5 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет5 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија17 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија19 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија20 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија22 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Досие