Свет
Висок ризик од пожар поради високите температури во јужна Франција, Италија и Шпанија
Температурите во јужна Франција денеска ќе надминат 40 степени, а висок ризик од пожари има и во регионот околу Марсеј, како и во Италија и Шпанија.
Се очекува денеска температурата во областа околу шпанскиот град Кордоба да достигне до 43 степени.
Италијанското Министерство за здравство предупреди на топлотни бранови во 17 града, вклучувајќи ги Рим, Фиренца и Палермо.
Прогнозите укажуваат дека во Грција се очекува слично време за време на викендот, пренесува „Блумберг“.
Грција и земјите од Балканот се деловите од Европа кои се најпогодени од високите температури ова лето, но бранот сахарски воздух сега се шири над поголемиот дел од Медитеранот.
Климатските промени ги зголемуваат интензитетот и зачестеноста на топлотните бранови предизвикувајќи екстремни временски настани од бури и поплави до суши и пожари, вели „Блумберг“, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

