Свет
Висок функционер на Хамас е убиен во израелски воздушен напад во јужен Либан
Висок член на палестинската милитантна група задолжена за безбедноста во палестинскиот бегалски камп Аин ал Хелуе е убиен денеска во израелски воздушен напад во јужен Либан, пренесе БТА.
-Израелски напад беше насочен кон висок функционер за безбедност на Хамас од кампот Аин ал-Хелуех додека тој беше во своето возило во градот Сидон, во близина на кампот, рече еден од изворите.
Либанските медиуми го идентификуваа убиениот маж како Самер ал Хаџ, кого го опишаа како командант на Хамас. Во нападот, кој го изврши израелско беспилотно летало, се повредени двајца цивили, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија воведува гранични контроли поради преоптоварен систем за прифаќање на баратели на азил
Поради преоптовареност на системот за прифаќање на баратели на азил, Германија од денеска воведува контроли на сите државни граници, кои ќе траат најмалку шест месеци.
Новата регулатива се однесува на премините кон Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција, пренесува Дојче веле.
Германската федерална полиција од денеска најмалку шест месеци нема да ги контролира патниците само на источната и јужната копнена, туку и на северната и западната граница.
Свет
Се зголемува бројот на загинати во поплавите во Романија: „Тато, дојди, тука има мртов човек“
Бројот на загинати во поплавите во романската област Галац достигна шест лица, јавуваат локални медиуми.
Вчера, било пронајдено тело на маж како лежи покрај патот во селото Слобозија Конаки. Водата го однела речиси шест километри. Исто така, синоќа е потврдена смртта на исчезнатиот во градот Сухурлуи. Водата се повлекла, но зад себе оставила половина метар кал, дури и внатре во куќите.
„Што е ова? Катастрофа! Видете добри луѓе! Уништени сме“, вели еден од жителите, а друг додава:
„Да сте ги слушнале животните како рикаат, не можам да ви опишам. Тоа беше крајот на светот“.
„Немаме каде да одиме, немаме каде да спиеме“, велат другите жители.
Два дена по поплавата, се открива обемот на катастрофата. Телото на исчезнатиот маж во Печеја било пронајдено дури вчера. Водата го однела шест километри.
Син ми го виде таму во грмушката. И ми вика: Тато, дојди, тука има мртовец. И кога дојдов, го најдов. Водата го носеше, имаше 40-50 години“, раскажува очевидец.
Многу луѓе од страв не сакаа да се симнат од покривите на своите куќи. Водата во некои области достигна речиси два метра. Дури и спасувачите беа во опасност, според написите.
Екипа на пожарникари во возило синоќа била зафатена од порој. Тие успеале да излезат низ прозорците и да го напуштат возилото.
Само во областа Галац оштетени се речиси 5.500 куќи, а загрозени се 20.000 луѓе.
„Голема тага. Таму е калта, а водата беше толку висока. Ништо не ми остана, сè е уништено. Мебелот е целосно уништен! Вакво нешто досега не се случило овде“, велат мештаните.
Мештаните со солзи во очите се обидуваат да спасат што можат од калта.
„Ми умре кравата. Стари сме, но куќата ни беше чиста и сува“, вели еден постар жител.
„Се превртеа плевните, имавме малку жито, сега се полни со кал“, додава тој.
„Видете, ова е катастрофа. За еден и пол де, колку што течеше водата, сè беше уништено. Креветот, немаме веќе каде да спиеме, фрижидерите, сè е уништено. Печките за греење. Ништо не ни преостанува. Сè е уништено, ние го создававме ова целиот живот“.
„Водата дојде за половина час. Во тоа време ја држевме портата за да не влезе водата посилно. Немавме каде да одиме. Ја пуштивме и побегнавме. Водата достигна 2,5 метра“, велат мештаните.
Пожарникарите вчера спасуваа и животни заробени во поројот.
Проблемите сè уште се присутни во целата област Галац.
Повеќе од 90 % од домаќинствата без струја се повторно приклучени на мрежата. Според извештаите, 35 куќи не можеле повторно да се поврзат бидејќи имало опасност од пожар и струен удар.
Речиси 400 пожарникари интервенираа во областа Васлуи. Повеќе од 100 куќи беа погодени во селото Епурени, каде што се отворија огромни дупки на улиците.
Метеоролозите издадоа предупредување за дожд за регионот, каде што врнежите ќе продолжат и во наредните денови. Црвеното метеопредупредување за поплави сè уште е во сила за неколку реки во Романија.
Свет
Портпаролот на Путин за атентатот на Трамп: Играњето со оган има последици
Кремљ денеска соопшти дека поврзаноста меѓу Украина и осомничениот напаѓач во обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп покажува дека играњето со оган има последици.
Запрашан за тоа што ФБИ го нарече обид за атентат врз Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Не треба да размислуваме ние, туку американското разузнавање. Во секој случај, играњето со оган има последици“.
Коментарот се однесуваше на поддршката на Соединетите Американски Држави за Украина во војната против Русија.
Си-ен-ен, „Фокс њуз“ и „Њујорк тајмс“ го идентификуваа осомничениот како 58-годишниот Рајан Весли Роут од Хаваи повикувајќи се на неименувани службеници за спроведување на законот.
Три профили на социјалните мрежи со името на Рут сугерираат дека тој бил жесток поддржувач на Украина во нејзината војна против Русија.
„Њујорк тајмс“ објави дека го интервјуирал Рут во 2023 година за напис за Американците што доброволно се пријавиле да им помогнат на украинските воени напори.
Рут за „Тајмс“ изјавил дека отпатувал во Украина и таму поминал неколку месеци во 2022 година и дека се обидувал да регрутира авганистански војници, кои избегале од талибанците за да се борат во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди обидот за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Трамп и рече дека политичкото насилство е секогаш неприфатливо.
„Мило ми е што слушнав дека Доналд Трамп е безбеден и неповреден. Ги испраќам моите најдобри желби до него и неговото семејство“, рече Зеленски на социјалната платформа „Икс“.