Свет
Витлеем празен за Божик

Латинскиот патријарх на Ерусалим, Пјербатиста Пикабала, ги повика христијанските верници во Витлеем да бараат надеж.
„ Мораме да го бараме и да го најдеме гласот на надежта што нè води до Исус и спасението, гласот што ја отвора вратата за надежта“, рече Пикабала на мисата на која присуствуваа помалку верници поради епидемиолошките мерки.
Само неколку стотина луѓе се собраа денеска на плоштадот пред храмот на Христовото раѓање, од кои повеќето живеат, работат или студираат во Израел и на Западниот Брег и пееја традиционални песни околу елката и божиќната сцена за да се расположат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина: Русија ја држи Белорусија како нуклеарен заложник

Русија ја зеде Белорусија за „нуклеарен заложник“, соопшти Украина откако претседателот Владимир Путин најави распоредување на „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на нејзиниот сојузник.
„Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник“, напиша на Твитер секретарот на Советот за безбедност на Украина, Олексеј Данилов, додавајќи дека оваа одлука е „чекор кон внатрешна дестабилизација на земјата“.
Најавата на рускиот претседател „го максимизира нивото на негативна перцепција и јавно отфрлање на Русија и Путин во белоруското општество“, додаде Данилов. Путин во саботата рече дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија.
Иако Белорусија не е директно вклучена во конфликтот во Украина, Москва ја искористи нејзината територија за да започне офанзива против Киев минатата година и да изврши напади, велат украинските власти.
Свет
(Видео) Маж од САД држел во шупа и силувал 13-годишно девојче, го намамил преку интернет

Исчезнaто 13-годишно девојче од Далас било пронајдено заклучено во барака оддалечена повеќе од 1.500 километри во Северна Каролина, откако била киднапирана и силувана од маж што го запознала на социјалните мрежи.
Девојчето е пронајдено во Лексингтон, на околу еден час возење североисточно од Шарлот, се вели во соопштението на шерифот на округот Дејвидсон, пренесе Си-Ен-Ен.
Канцеларијата на шерифот соопшти дека во петокот вечерта биле контактирани од специјален агент на ФБИ во Тексас за случајот. ФБИ во соработка со полицијата во Далас утврдиле дека возрасен маж разговарал со детето преку Интернет. Содржината на тие разговори била конзистентна со намамување за средба, соопшти канцеларијата на шерифот.
Камерите во близина на домот на тинејџерката снимиле возило регистрирано на човек од округот Дејвидсон.
Девојчето бил затворено во надворешен објект, во сопственост на осомничениот – се вели во соопштението на шерифот.
Инспекторите ја отвориле бараката и го пронашле детето. Таа била однесена во болница за да биде прегледана, а подоцна се вратила дома во Тексас. Осомничениот, 34-годишниот Хорхе Иван Сантос Камачо, е уапсен и се соочува со осум точки од обвинението, меѓу кои и киднапирање и силување на дете. Тој е задржан во притвор во округот Дејвидсон.
Свет
Маж во Хамбург уби човек со огнено оружје, а потоа се самоуби

Двајца мажи се убиени во престрелка доцна вчера во германскиот град Хамбург, соопшти денеска јавното обвинителство. Еден од загинатите е осомничен за пукањето, се додава.
– Се чини дека мажот испукал неколку истрели, убивајќи друг маж, а потоа се застрелал, изјави портпаролката на јавното обвинителство во Хамбург.
Полицијата ја продолжува истрагата.