Свет
Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави
Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е исклучена во некои земји на југоистокот.
Вирџинија, Џорџија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба, јавува Би-би-си.
Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека невремето ќе погоди поголем дел од источниот дел на САД во следните два дена и ќе донесе речиси 1 метар снег во некои области.
Огромен систем на бура се приближува кон Источна Америка од Средниот Запад. Снегот и мразот може да доведат до опасност при патувањето, прекин на електричната енергија и оштетување на дрвјата, предупреди NWS.
Има и прогнози за можни поплави на крајбрежјето во некои области вклучувајќи го градот Њујорк и делови од Конектикат, со предупредувања дека патиштата и инфраструктурата може да бидат зафатени.
A winter storm that spawned tornadoes in Florida and knocked out power to nearly 200,000 people was headed to the Northeast, where it was expected to leave a foot of snow in some places. The most significant snowfall is expected overnight. https://t.co/9nPlSc7EOj
— The New York Times (@nytimes) January 17, 2022
Во канадската провинција Онтарио, која се граничи со државата Њујорк, канадската агенција за животна средина утринава издаде предупредувања за невреме во поголемиот дел од југот, каде што се очекува снег да почне да паѓа во вечерните часови по локално време.
Се предвидува дека во Торонто, главниот град на провинцијата Онтарио и најголемиот канадски град, ќе наврнат 20 сантиметри снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

