Контакт

Свет

Вонредна состојба на Далечниот исток на Русија поради поплавите

Објавено пред

Вонредна состојба е прогласена во седум општини во регионот Приморск на Далечниот исток на Русија, поради поплавите предизвикани од обилните дождови, соопшти локалната управа.

Во соопштението се наведува дека се поплавени 287 куќи, а евакуирани се 58 луѓе, пренесе ТАС С. Воспоставени се и привремени засолништа за евакуираното население.

Порадо обилните дождови се излеале три реки во таа област. Локалната управа формирала 30 комисии, кои ќе ги обиколат сите загрозени подрачја и ќе ја проценат штетата.

Свет

Трамп го најави новиот советник за национална безбедност

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека преговарачот за заложнички кризи, Роберт О’Брајан, ќе го именува за наследник на отпуштениот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

„Задоволство ми е да објавам дека ќе го назначам Роберт О’ Брајан, кој во моментов успешно работи како специјален пратеник за заложници во Стејт департментот, за нов советник за национална безбедност. Долго и напорно соработуваме со Роберт. Тој ќе заврши голема работа на оваа позиција“, напиша Трамп на „Твитер“.

О’Брајан има долгогодишно искуство во републиканските кругови кои се занимаваат со надворешна политика, пренесе „Ројтерс“.

На 10 септември Трамп го отпушти Болтон поради, како што рече, големи несогласувања по однос на повеќе прашања.

Прикажи повеќе...

Свет

По инцидентот со севернокорејските риболовци, ФСБ уапсил 160 лица

Објавено пред

Руските граничари уапсиле повеќе од 160 државјани на Северна Кореја во Јапонското Море поради рибокрадство кога претходно во инцидент беа нападнати и повредени четири руски граничари, од кои еден бил ранет со огнено оружје, пренесува „Спутник“ цитирајќи го рускиот Истражен комитет.

„По координираните акции на крајбрежната стража, авијацијата и специјалните сили, граничарите запленија две ‘шкуне’, 11 моторни чамци, а уапсени се 161 државјани на Северна Кореја. Меѓу странците има повредени, на кои им е укажана неопходната помош“, соопшти прес-центарот на ФСБ.

Руските граничари им ја одзеле забранетата опрема за риболов на уапсените лица, а против нив е поведена кривична постапка поради напад на службени лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Помор на риби во езерото Коронија во Грција

Објавено пред

Илјадници слатководни риби, претежно крап, пцовисаа во езерото Коронија, каде што нивото на водата драстично се спушти на 60-80 сантиметри.

„Од 2,80 до 3 метри, колку што беше длабоко езерото пред пет-шест години, сега достигна неколку сантиметри поради сушата и недостигот на одржување на инфраструктурата за водоснабдување во Коронеја“, рече за АНА претседателката на организацијата за управување со Коронија, „Волви и Халкидик“, Димитра Бомбори.

Се вративме во тешко време кога значителното намалување на водата во комбинација со високите температури резултира со голем помор на рибите, објасни Бомбори.

Техничката работа направена во 2012 година помогна да се врати поврзаноста на езерото со потоците што го обновија езерото, а популацијата на риби значително се зголеми, па забележани се осум до девет видови риби, истакна таа.

Бомбори изјави дека надоместувањето на водостојот на езерото во голема мера зависи од хидролошките услови и работите за одржување што не се извршени бидејќи не е назначен ниту еден управител да ги побара потребните средства.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија1 час

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија3 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија5 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија6 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ6 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет7 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет9 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет9 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет20 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт21 час

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион22 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија24 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија1 ден

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Досие