Свет
Во Австралија измерени 50,7 Целзиусови степени, изедначен е рекордот од 1962
Во Австралија се измерени 50,7 Целзиусови степени, јави Би-би-си.
Со ова е изедначена највисоката измерена температура во историјата на континентот, откако се спроведуваат такви мерења.
Оваа температура е измерена во градот Онслоу на западниот брег на Австралија. Израмнет е рекордот од 1962 година кога истата темература била регистрирана на југот од Австралија.
Од локалната управа за метеорологија потврдија дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време.
Според локалните медиуми, просечната температура во Онслоу во овој период од годината е 36,5 степени.
Два други града, Марди и Робурн, вчера пријавиле температури над 50 степени. Лук Хантингтон од споменатата управа рече дека акумулацијата на топол воздух во регионот е предизвикана од недостаток на грмотевици.
Еден жител на Робурн, Марк Барат, изјави дека температурите станале толку високи што климата во нивната канцеларија престанала да работи.
Температурите уште утре ќе бидат во благ пораст, а во наредните денови се очекува заладување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

