Европа
Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај воздржаноста на некои деловни здруженија.
Владејачките конзервативни пратеници во коалиција со зелените гласаа за владата на Себастијан Курц да ја воведе оваа мерка по завршувањето на третиот карантин на 24 јануари.
За ваквата одлука беа и опозициските социјалдемократи, кои го овозмижија потребното двотретинско мнозинство, а крајната десница беше против.
Австриската стопанска комора претходно соопшти дека е скептична во однос на мерката во кафулињата, хотелите и рестораните, кои сега се затворени.
Владата исто така сака да воведе задолжителен негативен тест на коронавирус при влегување во болница за лекување други болести, освен Ковид-19.
Главно поштедена од првиот пролетен бран на пандемијата, Австрија, не успева да го намали бројот на заразени, иако по Божик го воведе третиот карантин од почетокот на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е критична, соопшти Министерството за здравство.
Земјата, со 10,7 милиони жители, беше една од најтешко погодените на глобално ниво во последните неколку недели, а голем дел од регионалните болници, кои беа преплавени со пациенти од коронавирус, беа принудени дел од пациентите да ги префрлат во други болници, стотина километри подалеку, пишуваат чешките медиуми.
„Големиот број новозаразени лица со коронавирус го зголемија притисокот врз здравствениот систем, а расте и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација“, соопшти министерството.
„Во некои региони, болниците ги исцрпија своите капацитети и повеќе не можат да обезбедат соодветна грижа или да примаат нови пациенти без помош на други земји“, рече во изјавата министерот за здравство.
Европа
На Словенија ѝ се заканува нов бран од пандемијата со Ковид-19

И покрај тоа што дозволи работа на средните училишта и најави полабава работа на угостителите, владатa во Словенија предупредува дека епидемијата се влошува.
Една година по првиот потврден случај од Ковид-19, на земјата ѝ се заканува нов бран, особено поради новите варијанти, соопштуваат надлежните.
„Нашите криви растат, можеби се соочуваме со нов бран епидемии“, рече Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје.
Тој изрази посебна загриженост за ширењето на британскиот вид на коронавирус, што веќе е потврден во Словенија и е доминантен во некои европски земји, како што е Чешка и Италија.
Владата во оваа земја објави дека 881 нов случај на заразени со коронавирус се потврдени во последните 24 часа, со предупредување дека бројот на потврдени инфекции на ден повторно се зголемува.
Европа
Велика Британија: Oграничениот извоз на вакцини од ЕУ ја загрозува борбата против коронавирусот

Велика Британија соопшти дека ограничувањата за извоз на вакцини против Ковид-19 можат да ја загрозат глобалната борба против коронавирусот.
Од таму додаваат дека очекуваат Европската Унија да ги почитува своите обврски во рамките на својата програма за вакцинирање, пишуваат бртанските медиуми.
„Глобалното закрепнување од Ковид-19 се заснова на меѓународна соработка. Сите зависиме од глобалните синџири на снабдување и поставувањето ограничувања ги загрозуваат глобалните напори за борба против вирусот”, рече портпаролот на премиерот Борис Џонсон.
Европската комисија ја поддржа одлуката на Италија да го блокира доставувањето на 250.000 дози на вакцината „Астразенека“ во Австралија.
„Премиерот разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно оваа година и таа потврди дека нивниот механизам е насочен кон транспарентност и дека тој нема намера да го ограничува извозот, очекуваме ЕУ да продолжи да ги почитува своите обврски “, рече портпарол на британскиот премиер.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“