Европа
Во Амстердам и Ротердам маската е задолжителна на фреквентните локации

Холандските градови Амстердам и Ротердам воведоа обврска за носење заштитни маски на најпосетуваните локации, како што е улицата на „црвените фенери“, за да се ограничи ширењето на вирусот.
Во средата владиниот тим надлежен за водење на пандемијата оцени дека не е задолжително да се носат маски низ целата земја и одлуката им ја препушти на регионалните власти.
Заедно со скандинавските земји, Холандија е една од последните европски земји што продолжија да се спротивставуваат на обврската за задолжително носење маски.
Сепак, санитарните власти на Амстердам утврдија дека маските ќе бидат задолжителни од 5 август на најпосетуваните места.
Во пристанишниот град Ротердам маските ќе бидат задолжителни и во трговските области од 5 август.
Премиерот Марк Руте неодамна ги повика Холанѓаните да го почитуваат мерките за физичка дистанца.
Според најновите податоци на властите во земјата, регистрирани се 53.000 случаи на заразени со Ковид-19 и 6.145 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шпанците имаат потенцијално ефикасен лек во претклиничко лекување на коронавирусот

Шпанската фармацевтска компанија „Фрамамар“ соопшти дека во стручното списание „Наука“ е објавена рецензија во која се потврдува дека лекот „плитидепсин“ може да биде потенцијално ефикасен во претклиничко лекување на Ковид-19.
Врз основа на научно истражување спроведено во Њујорк, Сан Франциско и Париз, откриено е дека лекот помага да се намали ширењето на вирусот во телото на заразени животни и да се намали концентрацијата на вирусот во белите дробови на животните третирани со „плитидепсин“.
По денешното отворање на берзата, вредноста на акциите на „Фармамар“ скокна за 13 проценти, на 98,5 евра, пренесува „Ројтерс“.
Европа
Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите.
Според весникот „Билд“, таа отворено зборувала за неуспехот на владата на видеоконференција со шефовите на фракциите ЦДУ / ЦСУ и во Бундестагот и во покраинските собранија.
„Ја изгубивме контролата над ситуацијата“, ги цитира весникот зборовите на канцеларката.
Таа истакна дека бројот на нови пациенти мора да се намали на 50 на 100.000 жители и наведува дека сега сите се среќни кога е под 200.
Меркел го призна и неуспехот на властите, велејќи дека здравствените служби немаат можност да ги следат контактите на пациентите.
На канцеларката ѝ е особено важно да го отежни патувањето или целосно да го забрани.
„Сто пати го поставив прашањето зошто не можеме да ги забраниме патувањата?“, рече таа.
Таа додаде дека постојано добивала одговор дека Германија е слободна земја, дека е можно да се ограничи радиусот на движење, но дека е тешко да се забрани патување во светот.
Меркел сака патувањата да ги направи непривлечни и непријатни со суровиот режим на влегување во земјата.
Што се однесува до „отклучувањето“, таа вели дека во моментов не е можно да се зборува за тоа.
„Ќе мора да се отвораме поинаку отколку што беше решено – прво градинки и училишта, потоа продавници и ресторани“, објасни германската канцеларка.
Европа
Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми.
Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата утрово, а потоа, според протоколот, тоа официјално ќе му го соопшти на претседателот на Републиката, Серџо Матарела.
Медиумите известуваат дека премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе пилотирана криза, доколку претседателот на Републиката му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има посилна политичка база на парламентарните партии.
Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот