Европа
Во Англија по 500 фунти за граѓаните што ќе прифатат самоизолација

Англискиот систем за тестирање и следење на Ковид овозможува исплата на парична поддршка од 500 фунти (околу 550 евра), на луѓе кои ќе почнат самоизолација откако ќе добијат известување преку мобилна апликација поради контакт со заразена личност, објавено е денеска.
Парите веќе им беа достапни на луѓето на кои им беше наложена самоизолација преку програмата за следење на контакти преку телефон и електронска пошта, но не и преку апликацијата со цел да се почитува анoнимностa, пренесува „Ројтерс“.
Секое физичко лице кое ќе добие предупредување за самоизолација во апликацијата, сега може да ги регистрира своите податоци со цел да добие исплата, објавија надлежните служби.
Строгата заштита на приватноста на корисниците беше клучен услов поставен од „Епл“ и „Гугл“ кога ја направија технологијата за апликации за следење на контактите на луѓето заразени со Ковид-19.
Индивидуалните корисници не мора да внесуваат лични податоци при регистрација за да ја користат апликацијата, што значи дека автоматските известувања за самоизолација не се обврзувачки.
Со цел да се надмине ова, корисниците кои ќе добијат известување ќе имаат опоција да одберат и натаму да останат анонимни, но во тој случај нема да може да ги добијат парите. Од друга страна со споделување на личните информации, следува и исплата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Италија најголем пад на бројот на новозаразени од октомври

Во последните 24 часа во Италија, 377 лица починаа од Ковид-19, а регистрирани се речиси 9.000 новозаразени со коронавирус.
Координаторот на владиниот научно-технички комитет, Агостино Миоко, тврди дека епидемиолошката состојба во Италија е под контрола, а карантинот што беше на сила во земјата за време на изминатите празници беше добар потег.
„Толку мал број новозаразени, 24 проценти помалку за една недела во споредба со претходната, не е забележан од октомври. Сепак, треба да се нагласи дека имунитетот на општеството ќе се воспостави само со масовна вакцинација“, рече Миоко.
Во моментот, вкупниот број на заразени лица во Италија е 547 илјади, од кои 20 илјади се во болница, а останатите се во домашна изолација.
Европа
Можно е продолжување на мерките во Германија до 15 февруари

Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ги продолжи мерките за затворање поради епидемијата на коронавирусот до 15 февруари, објави германскиот весник „Билд“.
Весникот се повикува на нацрт-одлуката на Владата на Германија во извештајот.
Меркел денеска ќе се сретне со премиерите на покраините, а за време на состанокот ќе разговараат за можното продолжување на строгите мерки, во рамките на кои се затворени училиштата и повеќето продавници.
Се очекува Меркел да разговара за дополнителни мерки со премиерите.
Европа
Конте доби поддршка во Долниот дом на парламентот

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте денеска беше изгласан во Долниот дом на парламентот, откако неговиот помлад партнер ја напушти владејачката коалиција, но тој ќе мора да се соочи со многу понеизвесно гласање на доверба во Горниот дом на собранието за помалку од 24 часа.
По неговиот апел до опозицијата и независните пратеници да го поддржат откако партијата на поранешниот премиер Матео Ренци, „Италија Вива“, ја напушти коалицијата минатата недела, Владата на Конте доби гласање на доверба за време на гласањето во Претставничкиот дом – Долниот дом со 321 глас „за“ и 259 „против“.
Во Горниот дом на парламентот – Сенатот на Република, владата имаше само мало мнозинство дури и кога „Италија Вива“ сè уште беше дел од коалицијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот