Европа
Во Белгија запленети рекордни 11,5 тони кокаин со вредност од 450 милиони евра

Белгиското сојузно државно обвинителство извести дека во транспортен контејнер од Гвајана е запленета рекордна количина, од 11,5 тони чист кокаин, како дел од акција против поголема криминална организација.
Дрогата, запленета во пристаништето Антверпен, која била наменета за Холандија е уништена. Нејзината пазарна вредност се проценува на околу 450 милиони евра, додаде обвинителството во соопштение.
Дрогата е откриена како дел од белгиската судска истрага започната кон крајот на 2019 година, по заплената на 2,8 тони кокаин. Истрагата овозможила да се разбие меѓународната криминална и добро организирана група, која е осомничена за редовно снабдување со големи количини кокаин од Јужна Америка во Белгија, се вели во соопштението на државното обвинителство.
Инаку, на 1 октомври беше објавено дека околу 30 лица биле уапсени во Белгија, Холандија и Шпанија по претрес на 70 станови и куќи. Меѓу нив, 22 се уште во притвор, а запленети биле речиси 3 милиони евра.
Дрогата била скриена во контејнер со старо железо.
Истрагата откри дека уште една пратка кокаин била на пат од Јужна Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин