Контакт

Европа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Објавено пред

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс на системот, пренесува Би-би-си.

Околу една четвртина од медицинскиот персонал во Лиеж е заразен со коронавирус, а денес 10 болници во тој град побарале од заразениот персонал да продолжи да работи, доколку немаат симптоми.

Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати, д-р Филипе Девос, за Би-би-си изјавил дека немаат друг избор ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем во рок од неколку денови.

Девос тврди и дека постои очигледен ризик оти лекарите и другиот инфициран медицински персонал можат да заразат пациенти.

Во тој град на истокот од Белгија, околу една третина од тестовите се покажаа позитивни, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата.

Болниците ги префрлаат пациентите во други здравствени установи и ги откажуваат неитните операции. Сето ова доаѓа неколку дена откако белгискиот министер за здравство Франк Ванденбруке објави дека земјата се приближува кон „цунами од инфекции“, додавајќи дека властите „повеќе не ја контролираат ситуацијата“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Белорусија уапсени речиси 350 демонстранти

Објавено пред

Белоруската полиција уапси речиси 350 демонстранти поради кршење на мерката забрана на масовни собири, се вели во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи.

Се наведува дека граѓаните од внатрешноста на Белорусија не одговориле на повикот за масовни протести, додека ситуацијата во Минск била поинаква и демонстрантите се собрале и покрај предупредувањата на властите да не го сторат тоа, пренесе ТАСС.

Полицијата соопшти дека се водат истраги против демонстрантите кои давале отпор при интервенција на припадници на полициските сили и го блокирале сообраќајот на улиците во Минск.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Германска вакцина против Ковид-19 готова до крајот на 2021 година

Објавено пред

Германската компанија „IDT Biologika“ планира да ја започне втората фаза од тестирање на експерименталната вакцина против коронавирус до крајот на годината.

Извршниот директор на компанијата Јирген Бетинг изрази надеж дека вакцината ќе биде одобрена во 2021 година, пренесува „Ројтерс“.

„Ако се успешни сите клинички испитувања, би можеле да аплицираме за регистрација до крајот на 2021 година“, рече тој на прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Европа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирус на почетокот на 2021 година

Објавено пред

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирус на почетокот на 2021 година поради нецелосниот одговор на пандемијата.

Дејвид Набаро, специјален претставник на СЗО, за швајцарски весник изјави дека владите во Европа ја пропуштиле шансата да ја изградат потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако го ставија првиот бран под контрола.

„Сега имаме уште еден бран. Доколку не ја изградат потребната инфраструктура, третиот бран ќе го имаме на почетокот на следната година“, предупреди Набаро.

Иако веста за успехот на вакцините за коронавируси е охрабрувачка, Европа сè уште се бори со друг бран што предизвика огромен број на инфекции и повторно доведе до стотици смртни случаи дневно во најголемите економии на Западна Европа.

Набаро изрази загриженост за потегот на Швајцарија да дозволи скијање – со задолжителни маски во жичниците – додека другите алпски земји како Австрија ги затворија одморалиштата, пренесува „Дејли мејл“.

Тој предупреди дека Швајцарија може да достигне „многу високо ниво на болест и смрт“.

„Треба да почекате додека не паднат бројките и да останат ниски. Реакцијата на Европа беше нецелосна“, заклучи тој.

Тој го пофали одговорот на азиските земји, како што е Јужна Кореја, каде стапките на инфекции се релативно ниски.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

Статистика: Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Македонија2 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Македонија2 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа3 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион4 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа4 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија4 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет5 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет5 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет6 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет17 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија17 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија17 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет18 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет19 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион20 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија21 час

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија24 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија24 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија1 ден

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Досие