Свет
Во Берлин пред куќа пронајдено безживотно тело на жена, до неа торба извалкана со крв
На капија пред куќа во Берлин утрово е пронајдено тело на жена.
Берлинската полиција се сомнева дека се случило насилно убиство, а потврдено е дека се работи за жена која имала 61 година. Одделот за убиства на берлинската полиција почна истрага.
Се вели дека таа добила рани на вратот од нож или друг остар предмет.
Капијата зад која е откриено телото на 61-годишната жена води кон двор. До неа била пронајдена торба извалкана со крв. Во моментот нема информации за можниот напаѓач, пренесува РТЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Нè молат да се воздржиме од напади врз објекти во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја молат Русија да се воздржи од одмазднички напади врз објекти во Украина. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, како одговор на ова, повика да се продолжи со ваквите напади.
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со гувернерот на Ленинградската област за да разговараат за мерките за заштита на регионот од напади со беспилотни летала, објави РИА Новости.
Путин рече дека од Русија се бара да не ја напаѓа украинската инфраструктура, иако нападите со беспилотни летала на руска територија продолжуваат, објави RT.
За време на состанокот, шефот на рускиот регион го информираше рускиот лидер за завршувањето на изградбата на 16 од 17 објекти за заштита на небото на Ленинградската област од напади со беспилотни летала.
„Ја завршивме изградбата на 16 од 17 објекти, кофинансирајќи ги сите. И тоа треба да се направи, бидејќи е многу важно. Знаете дека има постојани обиди за напад“ рече Дрозденко.
„Да. Ах, нè молат да не го правиме тоа“, забележа Путин.
Министерството за одбрана на Русија на 22 јануари објави дека руските вооружени сили извршиле напади врз објекти на енергетска инфраструктура на Украина кои се користат во интерес на вооружените сили на Украина.
Свет
Ново пукање во Америка: едно лице во критична состојба
Едно лице е повредено во инцидент утрово во кој учествувала американската гранична патрола во јужниот округ Пима, Аризона, изјави портпаролот на шерифот на округот.
Пожарникарите на округот Санта Рита изјавија дека лицето е пренесено во критична состојба со хеликоптер во регионален центар за траума.
Околностите на пукањето во моментов се нејасни и нема информации дали некој од полицијата или граничната служба е повреден, според написите на локални медиуми.
Канцеларијата на шерифот на округот Пима и ФБИ помагаат во истрагата.
Ова пукање се случува три дена откако агентите на ICE го убија А.П. во Минесота и недели откако Рене Гуд беше убиен од полицаец на ICE.
Медиумите потсетуваат дека од септември минатата година, федералните службеници за имиграција застрелаа 12 лица.
Свет
Сјарто: Украина се вклучи во отворена, бесрамна и агресивна кампања на мешање
Украинскиот амбасадор во Будимпешта денес беше повикан во Министерството за надворешни работи на Унгарија поради обидите на Украина да се меша во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, кога јасно му беше кажано дека таквите обиди нема да бидат толерирани, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој ја повика Украина да престане да се меша во унгарската изборна постапка во корист на опозициската партија Тиса, како и да го почитува суверенитетот на Унгарија.
„Владата нема да толерира никакво мешање во унгарските избори, вклучително и обидите на Украина да се меша во изборниот процес во корист на партијата Тиса“, рече Сијарто, објави МТИ.
Сијарто рече дека Украина во последните недели се вклучила во „отворена, бесрамна и агресивна кампања на мешање“ со цел да ѝ помогне на опозициската партија Тиса да победи на изборите на 12 април.
„Нашиот заменик-министер недвосмислено му кажа на амбасадорот дека Унгарија ќе го заштити својот суверенитет со сите средства што ѝ се на располагање, дека ќе го заштити правото на Унгарците да бидат единствените што одлучуваат за иднината на Унгарија“, истакна Сијарто.
Тој изјави дека Тиса „веднаш ќе го одобри пристапувањето на Украина во ЕУ“ ако победи на изборите.
„Одлуката за иднината на Унгарија се носи во Унгарија, а не во Брисел, а сигурно не во Киев“, истакна Сијарто.

