Свет
Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и може да постигне најбрзи резултати до сега.
Новиот вид технологија со биочипови со сигурност детектира и најмали количини на вируси со неспоредлива брзина, што го намалува ризикот од лажни негативни резултати. Само три до пет вируси се доволни за да генерираат сигурен сигнал.
Досегашните брзи тестови за коронавирус се темелат на познати методи, кои претходно биле применети на други вируси.
Ќе бидат потребни уште неколку месеци обука додека прототипот не биде подготвен за пазарот, но истражувачкиот тим се надева дека новиот тест може да се искористи за тестирање на голем број луѓе со голема сигурност за многу краток временски период.
Во моментов се работи на усовршување на техничките детали, но бидејќи се покажа дека методот работи, веќе е поднесен патент. Покрај тоа, овој метод може да се примени на кој било друг вид вирус, соопшти Еуроком-ПР Сараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Љубовница го тужи поранешниот шеф на „Гугл“: „Не можев да испратам ниту мејл без надзор“

Мишел Ритер (31), поранешна партнерка на поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит (70), го обвини за злоупотреба, прогонување и токсична машкост, барајќи забрана за приближување, според судските документи што ги поднела во декември 2024 година, барајќи забрана за приближување. Обвиненијата беа поднесени само една недела откако двојката склучи писмен договор со кој Шмит требаше да ѝ плати „значителна сума“, објави „Пејџ Сикс“.
Во тужбата, Ритер – дипломирана на Правниот факултет на Колумбија – тврди дека Шмит ја надгледувал дигитално, ѝ го ограничил пристапот до нејзиниот стартап Steel Perlot, во кој тој вложил 100 милиони долари, и дека не можела да оствари ниту еден приватен повик или е-пошта без надзор, пренесе „Индекс“.
Ритер и Шмит биле во врска од 2021 до 2024 година.
Шмитовите адвокати ги нарекоа обвинувањата „лажни и злоупотреба на судскиот систем“. Новото рочиште е закажано за 4 декември во Лос Анџелес.
Свет
Реперот Диди нападнат во затвор – затвореник му ставил нож под грло

Американскиот музички могул Шон Комбс – Диди (55) преживеал опасен инцидент во затворот во Бруклин, кога друг затвореник му ставил нож под грлото додека спиел.
Неговиот пријател Чарлучи Фини изјави дека нападот бил обид за застрашување, а адвокатот на Диди, Брајан Стил, потврди дека чуварот навреме го спречил напаѓачот, кој сакал да стекне престиж напаѓајќи позната личност.
Диди, кој издржува четиригодишна затворска казна по обвинение за учество во проституција, наводно побарал претседателско помилување од Доналд Трамп.
Свет
По една деценија потрага, војници случајно го пронајдоа автомобилот на исчезнатите Австријци

Десет години по исчезнувањето на Андреас Л. и Максимилијан Б. од австрискиот регион Милфиртел, чешките власти пронашле потопен автомобил со човечки остатоци во езерото Липно, кои најверојатно им припаѓаат на нив.
Возилото, сив „цитроен“, било откриено случајно од војници во близина на пристаниште. Полицијата потврди дека се работи за автомобил што се бара веќе една деценија, а остатоците се испратени на ДНК анализа.
Двојцата пријатели исчезнале во септември 2015 година, кога тргнале кон чешкиот град Виши Брод. Иако истрагата тогаш беше обемна, нивната судбина остана непозната – сè до ова откритие што, според полицијата, најверојатно ја затвора мистеријата.