Свет
Во Германија од коронавирус починале уште 855 луѓе
Бројот на смртни случаи во Германија од Ковид-19 денеска надмина 60.000, бидејќи изминатите 24 часса биле регистрирани нови 855 починати.
Досега во Германија од коронавирус починале 60.597 луѓе, што е помалку отколку во Велика Британија, Италија, Франција, Русија и Шпанија.
Германската канцеларка Ангела Меркел и претставниците на локалните власти во среда треба да ја разгледаат можноста за ублажување на рестриктивните мерки, воведени поради пандемијата.
Денеска се регистрирани речиси 13.000 нови случаи на вирус, во споредба со повеќе од 14.000 минатиот петок, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина демантира вмешаност во атентатот врз рускиот генерал
Украина не стои зад обидот за атентат врз генерал-полковник Владимир Алексеев, прв заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба (ГРУ), изјави заменикот на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, за „Ројтерс“.
„Не знаеме што точно се случи со тој генерал, можно е да станува збор за внатрешен конфликт во Русија“, изјави Сибиха.
Изјавата уследи откако руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека Украина стои зад нарачката за обидот за убиство. Според ФСБ, осомничениот напаѓач, кој пукал во генералот во Москва, бил уапсен во Дубаи и идентификуван како Љубомир Корба – руски државјанин роден во украинскиот регион Тернопил. Наводно, тој делувал по налог на украинската служба за безбедност и веќе бил екстрадиран во Москва.
ФСБ тврди и дека идентификувала двајца соучесници – руски државјани. Едниот, Виктор Васин, бил уапсен во Москва, а другата, Зинаида Серебрицкаја, побегнала во Украина.
Истражувачкиот новинар од „Инсајдер“, Христо Грозев, објави дека Васин работел за фирма поврзана со ФСБ, која произведува надзорни алатки. Според него, станува збор за компанијата „НТЦ Атлас“, подружница на државниот воено-индустриски гигант Ростех.
Алексеев, роден во 1961 година во тогашна советска Украина, е прв заменик-шеф на ГРУ од 2011 година. На 6 февруари Кремљ потврди дека бил нападнат со огнено оружје, а ден подоцна државните медиуми објавија дека преживеал операција и е во свест.
САД му воведоа санкции во 2016 година за организирање на сајбер напади за време на претседателските избори во кои победи Доналд Трамп. Бил и одликуван со титулата Херој на Руската Федерација.
Алексеев го обвинуваа и Велика Британија и ЕУ за организирање на нападот со хемиско оружје врз двојниот агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Солсбери, 2018 година.
Свет
Захарова: Неуспесите на бојното поле Киев ги заменува со терористички напади врз Русите
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека, свесен за сопствената неспособност да постигне резултати на фронтот, „киевскиот режим“ ги надоместува неуспесите со терористички напади врз цивили во Русија.
„Онаму каде што сфаќаат – а секако сфаќаат – дека не можат да постигнат резултати на бојното поле, тие неуспеси ги компензираат со терористички напади врз цивили и цивилна инфраструктура“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 1“, пренесе ТАСС.
Таа нагласи дека Русија отсекогаш ги гледала таквите напади како дел од хибридната војна што, според неа, ја води Киев.
Свет
Оставка во кабинетот на британскиот премиер поради поврзаност со Епстин
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган Максвини, денеска соопшти дека поднел оставка, откако признал дека дал совет за назначување на Питер Менделсон за амбасадор во САД — лице што било во комуникација со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Според „Ројтерс“, Менделсон бил именуван во 2024 година, но објавените досиеја на американското Министерство за правда откриваат обемна комуникација меѓу него и Епстин. Тоа предизвика најголема политичка криза за Стармер од неговото доаѓање на власт.
Максвини, еден од најблиските соработници на премиерот, призна дека бил директно вклучен во процесот и изјави:
„Одлуката за именување на Питер Менделсон беше погрешна. Тој ѝ нанесе штета на нашата партија, на земјата и на довербата во политиката. Преземам целосна одговорност за тој совет.“

