Европа
Во Германија рекордни бројки на починати и новозаразени во еден ден
Во последните 24 часа во Германија се евидентирани 29.875 нови случаи на Ковид-19 и 598 смртни случаи.
Ова се најголемите дневни бројки на починати и на нозаразени во таа земја од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на инфекции сега е над 1.270.000, а бројот на смртни случаи е 20.970.
Ова е втор ден по ред со рекорден број нови инфекции и втор пат во последните неколку дена во Германија да починат речиси 600 луѓе за еден ден како последица на Ковид-19, пишува „Дојче веле“ (ДВ).
Одделенијата за интензивна нега се полни во целата земја, како и некои регионални болници.
Канцеларката Ангела Меркел наводно ќе се состане со лидерите на 16 сојузни покраини за време на викендот за да разговара за построга блокада и посилни ограничувачки мерки.
Германија го почна вториот бран на пандемијата со делумно заклучување, што се чини дека не функционира, се вели во анализата на ДВ.
На почетокот на ноември беа затворени сите ресторани, кафулиња, барови, како и театри, кина, спортски сали и други објекти. Но, продавниците останаа отворени и училиштата и градинките работат сосема нормално.
Ограничувањата воведени со делумното заклучување ја следат идејата за забрана на сè она што луѓето го уживаат во слободно време, но, од друга страна, економијата да биде поштедена што е можно повеќе.
Традиционалните предбожикни саеми не се одржуваат оваа година, но многу сопственици на ресторани, на кои им е дозволено да продаваат храна за носење, исто така нудат греено вино за надвор. Така тие заработуваат малку пари со цел да ја намалат загубата како резултат на целосно затворање.
За тоа што е дозволено, а што е забрането одлучуваат самостојно владите на сојузните покраини. Како резултат на тоа, ограничувањата поради короната во Германија се нееднакви и во некои случаи крајно контрадикторни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

