Европа
Во Данска осуден маж што кашлал кон полицајци извикувајќи „корона“

Данскиот Врховен суд осуди маж на четири месеци затвор затоа што тој за време на рутински преглед во март минатата година кашлал кон двајца полицајци извикувајќи „корона“.
Инцидентот, кој се случил кога земјата беше целосно заклучена поради вирусот, доведе до тоа сторителот да биде уапсен под обвинение за заканувачко однесување, иако подоцна беше утврдено дека тој бил негативен на Ковид-19, објави „Ројтерс“.
Човекот најпрвин бил ослободен од обвинението во локалниот суд, но подоцна бил осуден во повисок суд.
На жалбата до Врховниот суд против таа пресуда обвинителите побарале затворска казна од три до пет месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Словачкиот министер ја одобри употребата на руската вакцина

Словачкиот министер за здравство, Марек Крајчи, ја одобри употребата на руската вакцина „спутник В“ за борба против коронавирусот, објави ресорното Министерство на својата веб-страница и потенцира дека употребата на вакцината е дозволена до крајот на август.
Вакцината ќе се користи во Словачка во согласност со статусот на исклучок што ѝ го додели Министерството за здравство како нерегистриран лек.
Луѓето што се заинтересирани да се вакцинираат со „спутник В“ ќе мора да дадат писмена согласност за да потврдат дека се свесни за фактот дека Европската агенција за лекови засега не ја одобрила оваа вакцина, пренесува ТАСР.
Вакцинацијата ќе се одвива на доброволна основа и нема да биде ограничена од возраста на примателот. Крајчи истакна дека „спутник В“ е веќе регистрирана во одреден број земји.
Словачкиот премиер Игор Матович во понеделникот објави дека Словачка ќе нарача два милиона дози од руската вакцина „спутник В“.
Европа
Германија планира да го продолжи карантинот до крајот на март

Германија планира да го продолжи карантинот до 28 март, но некои мерки ќе бидат олеснети од 8 март.
Според нацрт-законот до кој дојде интернет-порталот „Фокус онлајн“, постигнат е договор меѓу канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски провинции, објави „Ројтерс“.
Меркел ќе разговара со премиерите на германските покраини утре бидејќи бројот на заболени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 2,4 милиона.
Европа
Шефот на СПД ги обвини Меркел и министрите од ЦДУ за многуте пропусти во справувањето со Ковид-19

Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија, Норберт Валтер-Борјанс, ги обвини германската канцеларка Ангела Меркел и министрите од ЦДУ за лошо управување со кризата предизвикана од коронавирусот.
Валтер-Борјанс изјави дека Германија има шеф на владата кој има направено многубројни пропусти во координирањето со кризата.
Тој рече дека министрите од коалицискиот партнер на СПД не ги исполнуваат своите обврски.
Во исто време ги пофали социјалдемократските членови на владата, како што е вицеканцеларот Олаф Шолц, за кого Валтер-Борјанс тврди дека ги поправа сите проблеми.
Тој вели дека придонесот на членовите на владата од редовите на ЦДУ и ЦСУ е далеку зад оние од редовите на СПД.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер