Контакт

Свет

Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела

Објавено пред

Остатоците од 59 тела беа откриени во тајно ископани јами во државата Гуанахуато во централно Мексико, кое бележи голема стапка на убиства поради војната на наркобандите.

Најмалку 10 тела се женски, а повеќето припаѓале на многу млади луѓе, дури и на тинејџери, изјави Карла Квинтана, директорка на Националната истражна комисија на Мексико.

Властите ги алармираа семејствата на исчезнатите лица што трагаат по своите роднини, рече таа на прес-конференција, додавајќи дека работата ќе продолжи сè додека не се утврдат сите околности.

Ископувањата почнаа пред една недела, пренесуваат агенциите.

Од јануари до август годинава во Гуанахуато се случиле 2.250 убиства, што е 25 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Свет

Шведската опозиција бара одговори за наводната шпионажа на САД

Објавено пред

Во неочекуван сојуз, Левицата и Шведските демократи, кои ги претставуваат спротивните краеви на шведскиот политички спектар, се здружија во барањето одговор од владата за наводната шпионажа на САД, пренесува „Спутник“.

Данското радио претходно објави извештај за укажувачи од Одбранбената разузнавачка служба на земјата (ФЕ) за шпионирањето на Националната агенција за безбедност на САД (НСА) против данската, норвешката и шведската одбранбена индустрија преку пристап до Центарот за податоци на островот Амагер крај Копенхаген. Оттаму НСА, наводно, го таргетирала интернет-сообраќајот од министерства и одбранбените компании како данската „Терма“ и шведската „Сааб“.

Според дански извори, шпионажата се случила во исто време кога данската држава ја почнала последната рунда набавки на борбени авиони, во која претендент бил „грипен“ на „Сааб“. Данската држава на крајот купи 27 борбени авиони Ф-35 произведени во САД.

Пратеникот на Левицата, Хакан Свенилинг, ја праша министерката за надворешни работи од редовите на социјалдемократите, Ен Линд, какви мерки презеле министерот и владата воопшто во врска со пријавената шпионажа, а пратеникот од Демократската партија во Шведска, Бјорн Содер, побара одговор од министерот за одбрана, Петер Хултквист.

„Ова можеби влијаеше на шведската одбранбена индустрија на многу негативен начин и мора да се разјасни“, објасни Шодер за националниот радиодифузер СВТ, нагласувајќи дека владата многу бавно дејствува.

Како одговор, министерот за внатрешни работи од редовите на социјалдемократите, Микаел Дамберг, истакна дека владата ја чека истрагата на Данска и дека тој не може да ја коментира точноста на информациите што се појавија во медиумите.

„Од друга страна, се разбира, јас и соодветните шведски власти со голем интерес ја следиме данската истрага“, рече Дамберг, уверувајќи дека владата многу сериозно ги сфаќа сите форми на шпионажа против Шведска.

Норвешка претходно започна разговори со Данска во врска со обвинувањата за шпионажа на ниво на министри за одбрана. Според данското радио, НСА го користела центарот за податоци „Амагер“ со неговиот систем „Xkeyscore“, што го открил свиркачот Едвард Сноуден во 2013 година и што е клучна карактеристика на целиот апарат за пресретнување на НСА. Програмата овозможува голема количина податоци преку фибер-каблите да се просејуваат со помош на клучни зборови, како што се имиња на луѓе на врвни позиции во целните организации.

Основана во 1937 година, „Сааб АБ“ е една од водечките шведски компании за одбрана. Помеѓу 1947 и 1990 година служеше како матична компанија на реномираниот производител на автомобили „Сааб аутомобиле“.

Нејзиниот главен фокус, сепак, се борбени авиони, борбено оружје, ракетни системи, торпеда, сензорски системи и подземни возила без екипаж, како и решенија за надзор од воздух, радари и средства за електронска борба. Со околу 17.000 вработени, „Сааб“ се смета за столб на шведскиот воено-индустриски комплекс.

Прикажи повеќе...

Свет

Азербејџан: Резолуцијата на Франција за Нагорно-Карабах е провокативна

Објавено пред

Резолуцијата изгласана во францускиот Сенат со која се бара признавање на Нагорно-Карабах како независна земја е пристрасна и провокативна, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

„Најпрво, би сакале да нагласиме дека предлог- резолуција за ’потребата за признавање на Република Нагорно-Карабах‘, усвоен од францускиот Сенат, беше директно поставен од страна на група отворено проерменски сенатори“, велат од министерството.

Оттаму соопштуваат дека француските Ерменци го користат конфликтот во Нагорно-Карабах за изборни цели, додавајќи: „Прифаќањето на комплетно пристрасна резолуција од Сенатот може само да се смета како провокација“.

Иако резолуцијата усвоена од Сенатот не е правно обврзувачка, Министерството соопшти дека тоа фрла сомнеж на неутралноста на земјата со посредувачка улога.

„Исто така ја поткопува репутацијата на Франција како фер посредник во азербејџанското општество. Наместо да прифаќа пристрасни резолуции, вклучувањето на францускиот Сенат во активности кои служат за мир, стабилност и напредок во регионот би одговарало на интересите на Франција и би довело до одржлив развој во регионот“, се додава во соопштението.

Францускиот Сенат вчера усвои резолуција која повикува на признавање на Република Нагорно-Карабах.Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската војска ги окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан и седум соседни региони. Новите судири избија на 27 септември и завршија по шест недели откако беше постигнато примирје со посредство на Русија.

Прикажи повеќе...

Регион

Државните службеници во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Објавено пред

Вработените во јавниот сектор во  Грција започнаа 24-часовен штрајк, со кој се очекува да се наруши јавниот превоз и другите услуги, барајќи, меѓу другото, и подобра заштита од коронавирус на работното место.

Сообраќајот на траектите, како и на метрото и трамвајот во Атина е запрен, а автобусите сообраќаат и денес.

Летовите, кои беа откажани порано, повторно се во функција затоа што контролорите на летот го откажаа штрајкот откако судот пресуди дека нивното учество во штрајкот е незаконско.

Грчките новинари ќе престанат да работат два часа и нема да емитуваат вести.

Синдикатите на државните службеници повикаа на штрајк за низа барања, вклучително и зголемена заштита од коронавирус на работното место и во училиштата, масовно вработување во јавниот превоз и во здравството и зголемени плати за државните службеници.

Вработените во јавниот превоз исто така бараат работниците да бидат тестирани на Ковид-19 на трошок на нивните компании.

Грција забележа значително зголемување на бројот на заразени со коронавирус и смртни случаи кои го оптоваруваат здравствениот систем на земјата.

Грција во моментов има повеќе од 97.000 потврдени случаи на коронавирус, а нешто повеќе од 1.900 луѓе починаа во земјата со 11 милиони жители. Според податоците објавени синоќа, скоро 600 лица биле интубирани во одделенијата за интензивна нега низ целата земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основачот и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија52 минути

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија1 час

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија4 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ6 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија6 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија6 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет7 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет7 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија18 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија19 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија20 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет20 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен21 час

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија24 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Досие