Контакт

Свет

Во пожар во зграда во Русија загинаа четири деца

Објавено пред

Најмалку пет луѓе загинаа, меѓу кои четири деца, во пожар во станбена зграда во московската област Волоколамск, пренесуваат руските медиуми.

Во пожарот, кој избувнал на првиот кат, повредени се три лица, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби. Во несреќата загинала една 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да избегаат, но се задушиле од чад.

Телата на уште три деца биле пронајдени во еден од становите што биле зафатени со пожарот. Пожарникарите успеале да евакуираат 12 лица.

Пожарот избувна ноќеска околу 2:30 часот по локално време. По пристигнувањето на противпожарната служба, два стана веќе биле изгорени.

Во зградата имало 17 жители, а причината за пожарот сè уште не е позната.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките

Објавено пред

Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик на епидемијата доколку мерките за запирање на истата се олеснат или се укинат прерано, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

„Светот сè уште е среде првиот бран на пандемијата на коронавирус“, предупреди шефот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан на брифинг на Интернет, истакнувајќи дека иако бројот на случаи се намалува во многу земји, има голем број на заразени во Централна и Јужна Америка, Јужна Азија и Африка.

Епидемиите, додаде тој, честопати доаѓаат во бранови, што значи дека коронавирусот би можел да се врати подоцна оваа година на местата каде исчезнал првиот бран, но постои можност тој да се забрза доколку мерките за спречување на ширење на вирусот нагло се напуштат.

Рајан оцени дека земјите во Европа и Северна Америка треба да продолжат со примената на мерките за социјална дистанца, мерките за надзор, тестирање и сеопфатна стратегија за да се продолжи траекторијата на падот и да не се случи веднаш да има втор бран.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

Објавено пред

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан Марковиќ.

„Ќе бидат дозволени свадби, крштевки, ограничен број на гледачи на спортски настани, со соодветни мерки“, рече Марковиќ.

Само во Белорусија е дозволена публика за време на натпревари, додека другите лиги, кои продолжија неодамна, ќе се играат без публика на стадионите.

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, вчера соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и прва во Европа го искорени вирусот.

„Во деновите што следат, одговорното однесување и заедничката грижа за здравјето се наш адут да продолжиме да бидеме горди носители на титулата ‘корона фри’ држава која покажа дека знае да се соочи и да се бори со опасен непријател, кој ја покори целата планета“, рече Храповиќ.

Во земјата нема потврдени нови случаи веќе 20 дена по ред.

Од избувнувањето на епидемијата се разболеле 324 лица, од кои 315 закрепнале, а деветмина починале.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Објавено пред

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што поскоро отворање на границите меѓу европските земји, откако тие беа затворени поради пандемијата на коронавирус.

„Франција и Германија мора да работат на итно обновување на слободното движење во Шенген зоната веднаш штом ќе се исполнат условите“, наведуваат Ричард Феранд и Волфганг Шобле во заедничката изјава, објавена од „Франс прес“.

„Затворањето на француско-германските граници веќе предизвика сериозни последици и е особено важно за перцепцијата на германско-француските односи“, наведоа Феранд, член на центристичката партија ЛРЕМ на францускиот претседател Емануел Макрон и Шобле, еден од столбовите на Христијанско демократската унија – ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел, залагајќи се за што побрза акција.

Текстот на заедничката изјава е објавен два дена пред состанокот на Франко-германското парламентарно собрание, нов форум на двата парламента формиран за зајакнување на односите меѓу двете земји, кој ќе биде посветен на лекциите што Европа може да ги научи од пандемијата ковид-19.

До денес, повторното отворање на границите во Европа е планирано од средината на јуни, но досега имало неред во различни европски земји, и покрај повиците на Европската комисија за повеќе меѓусебни консултации.

Претседателите на двата национални парламента, исто така, во заедничката изјава ја поздравија и ја дадоа својата поддршка на последниот предлог на францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Меркел, за обновување на економиите со помош на 500 милијарди евра, средства финансирани од долг договорен во рамките на Европската унија.

„Франција и Германија преземаат заедничка одговорност за Европската унија со предлогот, кој се обидува да ја зајакне Европа по кризата со коронавирусот“, истакнуваат претседателите на францускиот и германскиот парламент.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките

Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик на епидемијата...

Регион23 минути

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа34 минути

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што поскоро отворање на границите меѓу европските земји, откако тие беа...

Македонија53 минути

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата со коронавирусот....

Регион1 час

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет12 часа

Италија бара 60.000 доброволци кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 доброволци кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија14 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет14 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа15 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет15 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет16 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа16 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија20 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија21 час

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет22 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион22 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија23 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија23 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија24 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион24 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Досие