Свет
Во поплави во Јапонија загинаа речиси 50 луѓе, повеќе од 40.000 спасувачи на теренот
Спасувачите во југозападниот дел на Јапонија продолжуваат со трката против времето за да ги спасат жителите заробени на места погодени од големите поплави и лизгање на земјиштето, во кои загинаа речиси 50 луѓе досега, а десетина се сметаат за исчезнати.
Обилните дождови нема да запрат до четврток, објави Метеоролошкиот завод, кој повторно издаде најголемо предупредување за опасност од поплави и лизгање на земјиштето на островот Кјушу, во југозападниот дел на јапонскиот архипелаг.
Временската непогода најтешко ја погоди префектурата Кумамото, каде што загинаа 49 лица.
Локалниот претставник Јутаро Хамасаки изјави дека припадниците на службата за пребарување и спасување ја продолжуваат трката со време за спасување на жителите што биле блокирани во своите домови поради поплавите.
„Ние не поставивме временска рамка за спасувачите, но навистина мора да го забрзаме темпото затоа што времето истекува. Нема да ги оставиме луѓето“, рече Хамасаки.
Поради големото невреме што трае неколку дена, се очекува да се зголеми бројот на жртвите.
Повеќе од 40.000 полицајци, пожарникари, припадници на крајбрежната стража и цивилната заштита се распоредени на теренот, а други доаѓаат на помош, како што е Кентаро Оиши, кој обично носи туристи на рафтинг.
„Со рафтинг се занимавам 20 години, но вакви поплави не сум видел“, рече Оиши додавајќи дека никогаш не можел да замисли дека ќе мора да плови по улиците на градот.
Евакуацијата на оние што се изложени на ризик е дополнително комплицирана од стравувањата од коронавирусот и воведените мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.